Зошто никогаш веќе нема да добиеме филм како „Кој го намести зајакот Роџер“

Режисерот Роберт Земекис ја разгледал можноста да користи компјутерска анимација, но сепак сакал анимираните делови да бидат како во златната ера на цртаните. Хибридни филмови (анимација/живи луѓе) има повеќе, но главно користат ваква анимација само на сегменти - Зајакот Роџер е таков 55 од 104 минути.

Една од поважните задачи што си ги задале е да се створи конекција меѓу глумците и анимираните ликови, па поради тоа, сите сцени каде што има анимација ги снимале два пати - еднаш со кукла, за да знаат луѓето каде да гледаат и еднаш без - па Земекис споредувал. Во Мери Попинс на пример, во сегментите со анимирани ликови, Џули Ендруз на моменти се гледа дека не знае точно каде да го упати погледот, наспроти Боб Хоскинс, кој личи како стварно да има анксиозен, бел зајак пред себе.

Најтешка сцена за снимање?

Клубот на Џесика Рабит:

11 февруари 2021 - 14:29