Кога мораш да снимиш видео за да објасниш дека татко ти нема шизофренија

Светот не може да се справи со Џордан Питерсон, па последниве денови, медиумите се трудат да рашират трач дека има шизофренија.

И не, не зборуваме за таблоиди, туку за сериозни медиуми, што во обид да го дискредитираат, им се видело најлесно да се послужат со алатки од претходниот век, што се сведуваат на „батали го, будала е“.

Сега и Микејла Питерсон, ќерката на Џордан Питерсон, на која што исто така се фокусираат во замајувачките статии, му се обрати на светот, прво за да објасни дека татко ѝ не е шизофреничар, второ за да информира за вистинската, често фатална состојба од која страдал.

4 февруари 2021 - 17:01