Вака и почнуваат реакциите на ова прашање поставено на Редит. Бледата, како почетничка изведба на Кијану Ривс (ма колку и да го сакаме) во улогата на Џонатан Харкер, покрај Гери Олдман е неподносливо филмско сеќавање од ’90-ти. Заедно со него, уште неколку тажни избори - некои се и одлични глумци, ама во одредени филмови - џабе.
Џеси Ајзенберг како Лекс Лутор
Каква врска има Џеси Ајзенберг и неговиот стил на глума со Лекс Лутор - никој не знае. Еден коментар вели, Лекс Лутор е ладен и пресметан. Ликот што го одигра Џеси е сѐ освен тоа. Да беше истиот филм, ама негативецот да беше некаков луд научник со име Ханс Глибер, или така нешто, со истата изведба на Ајзенберг, ќе беше супер.
Дон Чидл како War Machine
Совршен пример за тоа како некој може да биде одличен глумец и лош кастинг истовремено - Дон Чидл е комичен и талентиран и без да мора да се истакне тоа, па сепак - во контекст на филмот, никој не го спомнува.
Софија Копола како Мери Корлеоне
Може им снемало резерви. Или, како што ќе искоментира еден член на форумот „Среќа знае да режира.“
Рами Малек како Фреди Меркјури
Ретко се појавува фан на Queen што не е разочаран од изведбата на Малек, иако ако сте ѕирнале Mr. Robot, ќе ви биде јасно дека се работи за талент. Потрудено е, ама Малек нема ни грам од енергијата и шармот на Фреди. Дискутабилно е и дали може да се обвини за тоа, кога Фреди е еден. Можеби ако му се оствареше Queen-проектот на Саша Барон Коен ќе можевме да правиме муабет…
Ема Вотсон како Бел
Ема Вотсон е толку безбојна, а сепак толку голема ѕвезда, што на Дизни едноставно му се исплатеше да ја ангажира во толку безвременска улога. Некоја година подоцна, фановите се освестуваат - „Не знае да глуми, ама веројатно им требал Хари Потер-кредибилитет,“ и во право се.
Џони Деп како Гринделвалд
Квалитетот на Џони Деп е неспорен, ама дали му легна „Фантастични ѕверки и каде да се најдат“? Тешко. Сѐ има направено како што треба, ама посветените фанови се согласуваат дека не му одговара улогата. И поарно, „Фантастични ѕверки“ е најпроблематичната франшиза во поново време, а и приказната е бескрајно глупа.
Бијонсе како Фокси Клеопатра
Замислете, некој се осмелил да пише дека „Не знае да глуми“ и перформансот е „рамна линија“ и ништо не придонесува. За Бијонсе!
Џејмс Корден како Бери Гликман
За оваа улога Џејмс Корден доби масовни критики, најмногу поради фактот што глуми геј како што „стрејт маж мисли дека треба да изгледа еден геј маж.“
Кој е најужасниот кастинг што вие сте го начекале?