Не, не се важи ако го имаш дома

Па, што ако е штипка за алишта. Мора да биде оваа, од 770 долари.

Просто човек да се замисли дали уште пред неколку години, откако почнаа да се шират вакви бизарности, се собрале уметничките директори на најголемите модни куќи и си рекле „сега ќе се такмичиме кој ќе направи поголема глупост, а луѓето ќе купуваат.“

И на секоја ваква штипка, безопасна, кеса од Икеа, си пишуваат во групна порака.

„Виде?“

„Ааааааааа!“

„Распродадено, фала многу, пријатно.“

На пример, штипката за алишта turned менѓуша, во вредност од 770 долари.

Или оваа... Значка, од 609 долари:

Уште еден производ, за кој ќе добиете неодолива желба да извикате: „Имам во подрум!“ е ланче, ако сакате и комплет со менѓуши (Св. Валентин иде, зошто да не), е ова:

Ланчето чини незабележливи 2.803 долари. Менѓушите се 1.130 долари. Значи, за генијалноста на Ботега Венета да исече телефонски кабел од рани ‘90-ти и да го продава како последен крик на модата, ќе платите 3.933 долари.

Еве, не мора комплет. Можете да си дозволите само нараквица. Не, ни ова не може од дома, од приборот за шиење, мора оваа:

1.165 долари.

Скапо? Океј, тука сме. За 855 долари, има вака:

И за крај, вакво како од тезги, за 935 долари:

Привлечно е да се замислува секој од нив како злобен мастермајнд од суперхеројски филм, или дека сме во постапокалиптичен свет, каде што луѓето облекуваат неверојатни нешта како во „Игри на гладта“.

Реалноста е најверојатно дека се работи за ингениозен маркетинг, каде што толку многу ќе се зборува на тема штипката, или телефонскиот кабел, што името на брендот скока до небо на сите пребарувачи, се прави трафик и одеднаш, се наоѓаш себеси со купени некои фини патики или најобичен дуксер од истиот бренд, по цена слична на штипката.

Штипката на крај може и да ти ја уфрлат да те почастат.

10 февруари 2021 - 11:06