Оскарите ќе одат во живо од повеќе локации

По разгледување на повеќе сценарија за одржување на манифестацијата, со поместен датум заради пандемијата, организаторите се одлучија за повеќе локации, меѓу кои и Долби театарот.

Академијата како и секоја друга индустриска група во Холивуд цела година пробуваше да се адаптира - како реакција на затворањето на кината, привремено ги сменија правилата и дозволија филмовите да се квалификуваат преку собата за емитување во Академијата, во рамки на 60 дена од премиерата на филмот.

„Оваа уникатна година бараше многу од многумина, и Академијата е решена да ги презентира Оскарите со давање приоритет на јавното здравје и безбедност. Адаптирајќи се на правилата во пандемија, церемонијата ќе се емитува во живо од повеќе локации, вклучувајќи го и Долби театарот. Едвај чекаме да споделиме повеќе детали,“ се вели во официјалната изјава.

Оскарите се најгледаниот забавен настан, надминувајќи ги и Еми и Греми наградите и Златните глобуси. И покрај тоа што минатата година имаа најнизок рејтинг до сега, сѐ уште имаат втора најголема гледаност, после Супербоул-от.

Главен приоритет оваа година им е славењето на филмот - оваа година се разгледувани најголем број на филмови досега. За категоријата документарен филм се пријавени 238 филмови, што е рекорд, а за филм од неанглиско говорно подрачје конкурирале дури 93 земји.

Оваа година ќе изгледа многу поинаку - на пример, Еми наградите во септември беа еден хибрид каде што имаше средби во живо, но повеќето учесници, сосе водителот Џими Кимел гледаа од дома, на зум. Претпоставките се дека ќе биде слично, со вклучување на номинираните онлајн.

Ќе си останеме покуси за фустаните на Били Портер, и тоа е тоа.

11 февруари 2021 - 14:48