Ќе се изначекаме за 5-та сезона од „Круната“

Традиционално, новата непарна сезона почнува со нов период во животот на кралското семејство, па ангажирани се повозрасни глумци и возбудата лежи во исчекувањето како ќе ги надоградат ликовите после претходните феноменални изведби.

Сега можете да си ја купите куќата од „The Conjuring“

Ако не ви се проблем 1,2 милиони долари и не ви е проблем куќа со духови, ете.

Меган Фокс се враќа под рефлектори

Веќе некое време ја има во јавната сфера за разлика од еден долг период од екот на популарноста до лани, а сега заедно со Кортни Кардашијан ја промовира новата линија на Скимс.

14 модни ажурирања за да изгледате појако

Не мора да се следат најновите трендови, да се купуваат скапи парчиња и да се магистрира на комплицирани стајлинг-трикови. Може мислите дека не е можно да се биде фундаментално спремен како некоја од денешните икони на уличната мода, ама со малку помош од луѓе што се разбираат - може.

Зошто сите зборуваат за Фенди и Версаче?

Во време кога го цениме заедништвото наспроти разликите и се поддржуваме во изливи на алтруизам, два бренда од италијанската модна кралска лоза се спојуваат во историски настан за да ја затворат Миланската модна недела.

Во втора сезона, Емили оди (и) во Сен Тропе

Има трејлер, датум и сник-пик во тоа што ќе се случува.

Шарлот Генсбур за мајка ѝ и филмот „Џејн на Шарлот“

„Мајка ми има порака за вас.“ На сцена пред 1500 луѓе, Шарлот Генсбур, ќерката на Серж Генсбур и Џејн Биркин вади телефон од џебот и чита порака: „Сѐ е во ред и болницата во Нонт е неверојатна.“ Во средата, Џејн Биркин требаше да биде на 47-от Американски филмски фестивал во Довил, со Шарлот да го презентираат филмот, но во понеделникот имала удар.

Џони Деп: „Никој не е безбеден од кансел-културата“

Џони Деп доби награда за животно достигнување, што е чудо со оглед на тоа колку се напати како жртва на кансел-културата, а всушност тој беше жртва на семејно насилство. Неговата бивша жена уште шета слободно.

Девојките од лифтовите

Што значи жена во Јапонија?

Жената што 35 години дизајнираше за Барби

Керол Спенсер е неопеаната хероина зад најјаката мода околу куклата Барби, од 1963 до пензија во 1998.

Кога патуваш сама, паметно ти е да лажеш

Кога ќе земеш да набројуваш потенцијално непријатни ситуации, излегува дека треба да исушиш од лажење ако патуваш сама.

Кога завршува една пандемија?

Има стратегии што владите и заедниците ги користат за да задржат и да завршат пандемија и некои методи се подобри од другите. Ние имаме стратегии како да се преправаме дека ни е супер, еве излегуваме, ама во исто време „нешто мора маска“.

Коса во време на Ковид

Пандемијата овозможи многу жени да се префрлат на сиво и бело. И сѐ уште ги дрма трансформацијата, и тоа позитивно.

Знаете дека постои снимка од Ана Франк?

Во 1941 се снима свадба на улицa во Амстердам, па откако ќе ги поснима најбитните, снимателот се фокусира на набљудувачите на балконите и прозорците на зградата. И таму, ја фаќа Ана Франк, во нешто што станува единствената видео-снимка од една од највлијателните личности во литературата.

Чао, Стенфорд

Вили Гарсон, обично познат по улогата на Стенфорд Блач, пријателот на Кери Бредшо во „Сексот и градот“ и веројатно меѓу последните холивудски прототипи на „геј-френд“ почина на 57-годишна возраст.

Пет типови на пријатели што треба да ги избегнуваме

Да не имате работа со токсични луѓе? Ако имате, тогаш да се кладиме дека во секундава си ги набројувате во глава, пропратено со грдото чувство што ви го создаваат секогаш кога ќе ви текне на нив.

Што вика Џордан Питерсон за Тиндер?

Една од поинтересните работи на оваа тема е што (ако збориме за нормални луѓе, нели) „најстрашното“ во додворувањето - одбивањето на мажите - е сведено на нула. Не го гледаат, скриено им е и комуницираат исклучиво со тие што не ги одбиваат.

Мајки, држ’те се

Чудо е што сѐ мајка може да каже со нежен глас.

Се дотеруваме за излегување во 7 век, Британија

Бидејќи ова време е предалеку, податоците што ги има денешниот свет се должат на археолошки откритија на сочувани парчиња облека, накит и додатоци, многу интересни за споредба со тие што ги имаме денес.

„Woke“ е пуритански култ

Во Канада палат Астерикс и Тинтин стрипови затоа што не го поминале пуританскиот тест, се чуди Патрик Вест во колумна за Спајкд.

Стигна трејлерот за „You“

Претходно пишавме дека, како да не беше доволно бизарно, ликот Џо Голдберг станува татко. Ама тоа беше после тизерот - сега има трејлер и изгледа пак ќе ни биде забавно.

Ако некој непознат ти пише да ја избричиш главата, ќе ја избричиш ли?

Во олицетворение на фразата „Ако ти кажат да скокнеш во Вардар, ќе скокнеш ли?“ една жена од Јута одлучува да си ја избричи главата затоа што некој така ѝ рекол - на телефон.

„Кој ве плаќа да објавувате вакви работи“ и слични глупи коментари на интернет

Во едно скорешно интервју, хрватскиот писател и сценарист Анте Томиќ ќе каже „Веќе триесет години ја нема земјата во која некогаш бевме заедно, но ние не се одалечивме. Иако националистите нè уверуваа дека сме различни, несродни и дека ќе ни биде подобро без другите јужнословенски народи, ние нешто многу не напредувавме.“ Ова важи и за луѓето што живеат на Фејсбук, и за хрватски Мис7, Андреа Андраси илустрира зошто.

Никој ли веќе не сака да биде моден уредник?

Порано, уредниците на печатени модни списанија ги напуштаа работните места само во случај на отказ, смрт или пензија. Вака пишува Шантал Фернандез во статија за Бизнис оф Фешн, на тема одлевањето од списанијата во ИТ индустријата. „Но денес,“ вели, „уредниците често ја гледаат позицијата на врвот на еден магазин како отскочна даска.“