Се венчаа на 19 мај, 1997, изненадувајќи ги гостите што ги имаа покането божем на забава. Се собраа 100 гости и во синагога го гледаа Ферис Бјулер како се жени за Кери Бредшо (уште не беше тогаш Кери Бредшо). Забавата траела до 2 по полноќ и се пуштала музика од Бродвеј.
Од медиумите се потрудила да избега со црн Морган Ле Феј фустан - сметала дека ако купи црн фустан од продавница (наводно првиот што го видела), нема да привлече внимание, како кога би купила бела венчаница. „Многу ми беше срам да се мажам во бело, а и јас и Метју не сакавме многу внимание,“ рече за Мари Клер во 2006. Не ни можела тогаш да замисли дека после толку време, за тој фустан сè уште ќе се зборува како за незаборавен моден избор (и плус дека ќе стане тренд за многу невести низ целиот свет).
И од целиот брак, сосе деца, Паркер жали исклучиво за фустанот. Изборот за црно е контроверзен за секоја невеста, а не пак за жена што кратко по свадбата ќе стане една од најголемите модни икони на светот. Тоа е единствената работа што би ја сменила ако решат да ги обноват заветите.
„Би носела прекрасна, вистинска венчаница, како што и требаше тој ден,“ вели таа во интервјуто за Мари Клер.
За тајната на успешниот брак вели, „Не го дискутираме. Ни пред новинари, ни пред било кој друг. Толку! Не го земаме за пример и не си го вадиме валканиот веш.“
Инаку, со неконвенционалниот фустан, Паркер е во друштво на Елизабет Тејлор, Гвен Стефани, Џесика Бил, Аврил Лавињ и Џулијан Мур.