Нарцизмот е најнова причина за морална онлајн паника

Реалноста на едно штетно нарушување на личноста, сега е извртена заради интернетот.

Нарцизам може да ти се дијагностицира како нарушување и на многумина што ќе ја добијат таа дијагноза им се чини како крај на светот. И не е ни неочекувано, со оглед на тоа што кога ќе изгуглаш, на листата на хипотетички непријатели за друштво, нарцисот се наоѓа во топ 5, многу блиску до социопатите и психопатите. Според најчестите резултати од пребарувањата, нарцисот е „мајстор-манипулатор, неспособен за љубов“.

Како тема е многу популарно: На ТикТок, #narcissist и #narcissism имаат вкупно 4,4 милијарди прегледи, на Редит има заедница „воспитани од нарциси“ што се има зголемено 100% за две години. Сепак, експертите и оние што лично имаат работа со нарушувањето се сега загрижени дека ова може да има негативни реперкусии.

Според д-р Крег Малкин, кој е клинички психолог и предавач на Харвард, нарцизмот е нормална лична карактеристика која постои на крива и влијае на целиот свет. Она сериозното, клиничко нарцисоидно нарушување на личноста, од кое страдаат само шест проценти од популацијата е екстремно ретко. Сепак, загрижен е дека онлајн-ловот може да им ја влоши состојбата на нарцисоидните личности, кои често имаат проблем да си ги прифатат недостатоците. Вели, „кога ќе креираме слика на чудовишта од кои треба да се пазиме, и кога ги правиме негативци, тогаш потешко се одлучуваат да побараат помош.“

Демонизирањето на нарцисите не е само на ТикТок. Спомнавме Редит, и заедницата r/raisedbynarcissists, каде што врие од луѓе измалтретирани од нивните семејства, кои бараат совети и поддршка. И некои сметаат дека без разлика што групата помага и нуди љубов и разбирање, името е проблем. Се промовираат многу погрешни информации, и во групата се споделуваат искуства на физички и психички малтретирани луѓе кои своите злоставувачи по дифолт ги поистоветуваат со нарцисоидни луѓе и за нив зборуваат како за некој што не би ни требало да се роди, или треба да се убие.

За жал, според д-р Малкин, таа незадолжителна стигма ги тера луѓето да размислуваат вака. „Овие луѓе не се психолози,“ вели тој, „па имаат тенденција да се фокусираат на нарцизмот во неговите најпатолошки форми. Така станува потешко за луѓе да напуштат штетни врски, затоа што во еден момент ќе видат знаци на човечност, па ќе си кажат дека таа личност не може да е нарцис. И потоа, ќе се случи нешто ужасно и циклусот продолжува.“

Иако опсесијата на интернетот со нарцизмот може да има корен во многу реалната потреба да се помогне на жртвите злоставувани од нарцисоидни лица, во голема мера има придонесено и кон монструозниот стереотип на едно нарушување на личноста.

„Дали сите имаат работа со нарцис?“ размислува администраторот на заедницата на Редит. „Можеби, можеби не. Но, добиваат некакво објаснување и некаква колегијалност, па не се чувствуваат сами во светот. Им се отвораат умовите кон идејата дека нешто не е во ред со нивната врска - и мислат дека што и да треба да се направи за си помогнеш - вреди.“

11 февруари 2022 - 01:43