Боб-фризура и шишки забележани на југот на Франција

Раперката Лалиса Манобан (или Лиса, К-поп ѕвездата) од групата Блекпинк се појавува во реклама за Селин парфем, во кампања режирана од Хеди Слимејн.

Нè носат на југот на Франција, каде што изгледа сè е или меко или сјајно.

Од меката страна ги има бобот и шишките на Лиса, бел мек тепих и раскошен фустан од Селин.

Од сјајната, светка статуетката на Ролс Ројс, па масивен лустер, и повторно Лиса во тоалета на Селин прекриена со кристали и новиот Parade парфем - мошусна и пудреста комбинација што „мириса на сончева светлина“ (веројатно поради нероли и бергамот).

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CELINE (@celine)

„Што ни е нам гајле?“ ќе прашаат од TheCut.

Па, освен што е естетско и звучно задовлство (второво благодарение на Велвет Андерграунд), кампањава е прва во неколку работи.

Прва видео-кампања на Селин парфеми, со прв глобален амбасадор (Слимејн ја избра Лиса во 2020), а и истовремено е прв амбасадор на линијата парфеми.

Статично ѕиркање во кампањата добивме сега во декември, со црно-бела фотографија, а истиот месец, Лиса Манобан дебитираше и на модна писта, во Селин јакна, дуксер со качулка и очила за сонце.

Но, главната порака е: гледајте како масовно ќе се шишаат коси и шишки. Да не биде дека не сме кажале, после сите овие врткања лево десно со разлетана принц Валијант фризура.

16 февруари 2022 - 00:00