Заборавеното време на хотелските детективи

До не многу одамна, било пракса повеќето големи хотели, покрај деловодните книги и книгите со резервации, носачите, готвачите и собарките да имаат и - хотелски детективи.

Се работело за реални професионалци и ги имало во многу хотели низ Америка. Далеку биле од современите чувари и избацивачи - често биле пензионирани градски полицајци кои црпеле од долгогодишното искуство, набљудувајќи ги хотелските ходници и лобијата на хотелите за да ги заштитат и гостите и репутацијата на хотелот.

Клишето за тврдиот, фиктивен детектив е стара испичутура, седната во лобито, што ѕирка преку весник, пред меѓу огромните хотелски саксии да си го најде вечното место на шанк. Биле доволно интересни и по весници да ги има:

Ова е ера без масовно достапна телевизија и безбедносни камери; пред хотелските соби да доаѓаат со сопствен сеф, и кога да се чекира невенчана двојка било скандал, или пак кога можело проститутка да го извалка името на хотелот.

Една од клучните вештини да се биде успешен хотелски детектив била дарбата за забележување и проценката на карактер; талентот да препознаеш проблематична личност во бескрајна река од гости. Дури во 1871, Њујорк Тајмс известува за искуството на чекирање во скап хотел и доаѓање во контакт со „тивкиот и ненаметлив хотелски детектив“.

„Кога ќе влезеш и конечно ќе завршиш и со рецепција и со шанк, помислуваш на човекот што секогаш ти бил енигма. Таму е откако паметиш. Имаш забележано дека има фасцинантно око, поглед што ќе те впие со едно трепкање. И мистериозен господин е. После вечерата, додека уживаш во пурата, ќе го видиш во собата за читање, како гледа со фиксиран интензитет на некој минувач. Овој наш стар пријател е хотелскиот детектив.“

Најдобрите хотелски детективи имале армија од доушници од хотелскиот персонал. Во деновите пред сигурносните камери, портирите и собарките вределе многу. Во Плаза, собарка на хотелскиот детектив му има пренесено дека еден од гостите на облеката има монограм од иницијали различни од оние со кои се пријавил. Детективот за кратко го избуткал во канцеларијатана менаџерот, каде што излегло дека патува под лажно име за да не го има по весници и да не го дознае жена му.

Во неговите мемоари о 1954, „Бев хотелски детектив“, Дев Коланс опишува како ги терал вработените да внимаваат на двојките кога се пријавуваат. „Двојки што не ги отвораат куферите додека не излезе носачот. Брачните не се воздржуваат.“ Коланс остро набљудувал и обувки: „Дотеран маж и жена во излитени чевли многу кажува.“

Покрај гостите, добар хотелски детектив внимавал и на вработените. Во 1902, во хотелот Навар во Менхетн, детективот забележува дека хотелскиот касиер живее на висока нога и троши многу пари. Истражувањата му покажуваа дека се измотавал со книгите, но наместо да направи сцена внатре во хотелот, детективот го следи касиерот до Кони Ајленд, каде што Бруклин Дејли Игл известува дека, „влегол во друштво на две жени,“ а детективот го предал на полицијата.

Главно, да се биде хотелски детектив било рутинска работа и се вршела навечер, со константно патролирање низ тивките ходници на хотелот, и внимавање да не се случува нешто необично.

Денес, современата технологија ја има направено оваа професија непотребна. Има безбедносни камери, минијатурни сефови и промени во она што е морално и етички, па да се има детектив со полно работно време на платен список е останато во минатото.

Сепак, романтично е да се мисли на уморниот херој кој е сè уште на работа, во дискретен агол на лобито, со внимателен поглед кон влезот на хотелот, додека гостите удобно спијат во своите кревети.

16 февруари 2022 - 00:00