„Уживав на писта. Сега се плашам да не налетам на некој што го познавам,“ вели таа. „Не можам веќе да живеам вака, со криење и срам. Едноставно не можев да живеам со оваа болка повеќе. Сакам конечно да зборувам.“
Иако ја немаше во јавниот живот, дури во септември, 2021 јавноста дозна за причината за тоа. Сподели стори на Инстаграм со хаштаг #TheTruth каде што напиша дека била брутално изобличена од процедура за CoolSculpting (ладно вајање, процедура каде што со машина се ладат масните клетки и се уништуваат), односно, се случило сосема спротивното од она што процедурата требала да го постигне.
Евангелиста на Пипл им кажува дека имала седум Кулскулптинг третмани меѓу август 2015 и февруари 2016, и во рок од неколку месеци забележала дека процедурата што требала да ја отараси од салото, всушност ги зголемува и ги зацврстува тие области.
„Се обидов самата да го поправам тоа, мислев дека нешто грешам,“ вели таа, мислејќи на диети и претерување со вежбање. „Дојдов до момент каде што воопшто не ни јадев. Мислев дека полудувам.“
Во јуни 2016 оди да се консултира со доктор. „Се соблеков пред него,“ се сеќава таа. „Рикав и му велев, немам јадено, прегладнета сум. Каде грешам?“
Докторот ѝ дијагностицира Парадоксична адипозна хиперплазија - ретка состојба што ги објаснува негативните ефекти на Кулскулптинг-от. Линда нормално вика „Што е па, сега тоа?“ и докторот објаснува дека „Никаква диета и никакво вежбање нема да го поправи тоа.“
Од Зелтик, производителот ѝ понудиле да ѝ платат корективна липосукција, но да потпише договор за дискреција. Наместо тоа, сама си платила за две липосукции на целото тело. Иако ѝ рекле дека ПАХ може да се врати, сепак била шокирана кога тоа и се случило после втората операција.
„Не ми беше ни малку подобро. Испакнатините се цврсти. Ако одам без корсет во фустан, кожата ми се трие до степен на крварење. Затоа што не е како кога се трие меко масно ткиво, туку тврдо.“
Резултатите од ПАХ влијаеле и на држењето. „Не се препознавам себеси физички, но ни како личност. Не гледам во огледало. Не личам на себе.“
Сепак, после години криење, веќе сака да ги сподели деталите во надеж дека ќе помогне на други.
„Се надевам дека ќе отфрлам малку од срамот и ќе помогнам на други луѓе што се во иста ситуација како мене. Веќе нема да се кријам.“
Истовремено, нејзината приказна фрла светло на притисокот со кој се соочуваат жените во Холивуд.
„Зошто чувствуваме потреба да ги правиме овие работи?“ прашува таа. „Отсекогаш знаев дека ќе стареам. И знам дека телото минува низ промени. Само не мислев дека ќе изгледам вака.“