Се надева на нов почеток во кариерата, со признанието за неодамнешната работа во Србија, каде што влегува и снимањето на неговиот филм Минамата и работата на српската анимирана серија Пафинс Импосибл.
„Искрено сум ви благодарен, претседателе Вучиќ - и овој медал за заслуги, што ми давате чест да заминам со ова, ви благодарам што сте толку љубезни да ми го дадете,“ рече Деп. „Сега сум на раб на нов живот и ми се допаѓа тоа. Како нов почеток. И би сакал тој почеток да биде овде.“
На Деп му секнаа холивудските извори последниве неколку години, после скандалите со неговата врска со Амбер Херд и нејзините тврдења дека била жртва на семејно насилство.
Изгуби и тужба за клевета против британски Сан во ноември, за статија каде што го нарекоа „тепач на жени“.
Поради сето ова, го отпуштија од ангажманот за „Фантастични ѕверки“ и улогата на Гелерт Гринделвалд, која сега ќе ја игра Мадс Микелсен.
Неодамна потпиша договор за првата голема улога после судењата - ќе го игра кралот Луи XV во француска драма што треба да почне да се снима летово.