Може ќе се прашате од каде па сега биографски филм за Ал Јанкович - ама ќе има и пристигнува на стриминг платформата Року, а почнато е со работа месецов, во Лос Анџелес.
Во известувањето го има 62-годишниот Јанкович, кој вели дека е апсолутно воодушевен што ѕвездата на Хари Потер ќе го игра во филмот.
„Немам никакви сомнежи дека ова е улогата по која ќе го паметат идните генерации,“ вели тој.
Јанкович пародира радио-хитови уште од тинејџерска возраст, „уништувајќи“ песни, од Мајкл Џексон, до Били Реј Сајрус.
„Кога мојот последен филм излезе во 1989, свечено им се заколнав на фановите дека ќе пуштам голем филм на секои 33 години, точно. Драго ми е што можам да кажам дека сме на време,“ додава тој.
Најавено е дека филмот „нема од ништо да се воздржи и ќе ја истражи секоја сфера од животот на Јанкович, од метеорското вивнување во слава со раните хитови како Eat it (наместо Beat it) и Like a Surgeon (…Virgin), до неговите напорни славни афери и незгоден лајфстајл.
Да се потсетиме: