На оригиналниот Тесла (за пријателите: Никола), работите му тргнаа на лошо кога му се запали лабораторијата на Петта Авенија. За Тесла на Илон Маск падот почна кога неговиот газда самоиницијативно реши да гори во пеколот наречен Твитер.
Во основа Твитер и понатаму останува бесплатен за користење, освен ако не сакаш сино стикерче до твоето име. Да не биде дека плаќаш само за амблем, Маск најавува и пакет услуги за претплатниците.
Опремен со лавабо (кое му требаше заради исклучително глупа фора) Маск ноќеска триумфално влезе во седиштето на Твитер, два дена пред да ги плати парите за преземање на компанијата.
Сите иматели на американска зелена карта, работна дозвола или пасош, што во основа го опфаќа најголемиот дел високи директори во кинеските производители на чипови, треба да изберат меѓу давање отказ или губење американско државјанство / престој.
Таман електричните возила на многумина им се видоа како посакувана алтернатива со оваа - крај нема - цена на горивата, пазарот дига рачна. Цената на литиумот оди бестрага што ќе ја дигне цената на батериите а тоа ќе ја дигне и цената на електричните коли. А не е ни на плин да ги пребациш.
Една од неочекуваните ѕвезди на саемот „Армија 22“ е робот куче со монтирана базука на грбот. Неочекувана, затоа што никој немаше поим дека Русите имаат создадено робот куче. И излезе дека стварно немаат.
Личните податоци на милиони американски корисници на Тикток се собираат и обработуваат од Кина, заради што двете најголеми мобилни платформи треба да ја избришат апликацијата од своите продавници.
Дојде време да се камуфлираме и по дома и да ги збуниме оние кои нè прислушуваат, а ги има многу. Како може да ја надмудриме супериорната технологија на вештачка интелигенција? Или да се оди радикално аналогно или пак да се искористи нејзината моќ - против неа.
Епл се буни за воведување стандардизиран полнач за различни уреди бидејќи таа ставка им носи вагон пари, но ЕУ се чини дека е решена да воведе таква регулатива која би опфатила 15 видови уреди. Денес секој човек во Европа во просек има по три кабли и електронскиот отпад станува сериозен проблем.
Сте биле на свадба, сте се сликале и сте ги објавиле тие слики на Фејсбук или Инстаграм. Веќе сте во базата на податоци на една компанија која прави грдни пари од тоа, меѓу другото соработувајќи и со полиции и други безбедносни служби.
Откако целата зделка е направена ќутенката, деновиве експерти за ИТ безбедност открија дека ДакДакГо повеќе не ви ја гарантира приватноста на интернет откако почнал да дозволува некои од скриптите за следење на Микрософт да ја минуваат вградената блокада.
Левичарската склоност на Твитер не е само во однос на „идентитетски прашања“ туку моментално компанијата функционира со такво раскалашено трошење пари и непродуктивност што треба да се среќни што платформата воопшто им работи.
ФИФА би сакала да почне да се гледа со други (за повеќе пари) и одлучи да ја раскине ексклузивната соработка со ЕА Спорт и да го тргне своето име и лого од нивните игри.
Постои огромен јаз помеѓу постојаноста на потрошувачката на јаглен и желбата за брзи потези за оддалечување од него кои се оценуваат како императивни за остварување на климатските цели. На глобално ниво, енергијата добиена од јаглен лани достигнала рекордни нивоа.
Инсајдерска приказна за тоа како комерцијален софтвер за шпионирање од Израел е користен не само од авторитарни туку и од демократски влади и системи. Плодовите од софтверот често резултираат со апсења или губење глави.
Ново истражување на водечки стручњаци од британски институт за инженерство и технологија предвидува дека идната генерација ќе минат 10 години од своите животи во виртуелна стварност, односно по 2 часа и 45 минути дневно.
Уште до крајот на годинава Епл би можел да почне да ги продава Ајфон и Ајпад како услуга за која ќе се плаќа месечна претплата, наместо како до сега да го купиш уредот.
Во име на екологија и заштита на животната средина Епл пред некоја година објави дека нивните телефони од стотици долари повеќе нема да бидат испорачувани со стандардните додатоци. За еколошки ќе видиме, ама финансиски Епл само од ова извади неколку македонски годишни буџети.
Хакери успешно се инфилтрираат во мрежата на Самсунг и стигнуваат до огромни количини доверливи податоци на компанијата вклучително и сорс-код за Галакси хардверот.
Ниту има некоја јасна структура, ниту пак какво било видливо движење или организација, ама во рок од две години во Франција имало најмалку 140 напади и саботажи на 5Г антени и опрема.