Ако телефонот не, фотките ќе те кодошат

Вештачката интелигенција навлече нов ризик за приватноста на интернет. Сликите што некогаш беа сосема банални, безопасни или генерички сега можат да откријат многу повеќе од на што се сакало, дури и кога корисниците ги презеле оние чекори за приватност кои досега се препорачуваа. Прво правило беше да се остранат метаподатоците пред да се објави слика. Тоа веќе не е доволно.

Најновите алатки за анализа на слики на OpenAI, познати како „o3“ и „o4-mini“, повеќе не зависат од вградените метаподатоци за да утврдат основа на визуелни информации. Тие анализираат суптилни карактеристики како што се регионални карактеристики, архитектонски стилови, типографија во околината или облик на уличните светилки за прецизно да идентификуваат локација.

Резултатот е дека дури и внимателно едитирана фотографија, лишена од ознаки за локација и метаподатоци, сè уште може да открие точно каде е направена. Технологијата не бара дозвола од лицето кое ја објавило сликата. На социјалните платформи како што е X, корисниците почнаа да ги тестираат овие модели со поднесување на секакви видови слики, некои сосема обични, некои силно филтрирани или заматени. Вештачката интелигенција често реагира со изненадувачка точност.

На пример, некој понудени слабо осветлена слика од непознат бар. ВИ точно погоди за кој бар се работи. Слично и со слики од библиотеки и паркови.

Сето тоа изгледа забавно но последиците можат да бидат и непријатни.  Се раѓа нова можност за следење на локацијата што не бара технички вештини. Секој што има пристап до јавната алатка може да користи слика за да ја идентификува локацијата на лицето. Може некаде да објавите банална фотка со шолја кафе на мала маса, без видливи знаци, познати лица или текстуални индиции а сепак да се дознае во кое кафуле сте биле, во која населба, во кој град.

Пикселите ќе ве издадат. Класичен Black Mirror.

 

26 април 2025 - 16:50