
Во истражувањето била користена вештачка интелигенција за проучување на органски молекули во сложени течности како што е битуменот. За да го направат асфалтот способен сам да закрпи дупки, научниците користеле ситни порозни материјали од биолошко потекло.
Тоа се рециклирни масла кои се ослободуваат кога асфалтот почнува да се распаѓа и така се крпат пукнатините. Лабораториските испитувања покажуваат дека новиот асфалт може целосно да ги поправи малите пукнатини за помалку од еден час и да спречи создавање на поголеми дупки.
„Употребата на одржливи материјали како што е отпадот од биомаса ќе ја намали нашата зависност од нафта и природни ресурси“ вели др. Франциско Мартин-Мартинез од Кралскиот колеџ во Лондон.
Иако се потребни дополнителни истражувања и инвестиции, научниците веруваат со новите материјали, животниот век на патиштата може да се продолжи и до 30 отсто.