Откако ќе ја изберат, или добијат, метата, само е прашање колку ќе бидат упорни припадниците на ГРУ за да ја хакнат својата жртва која, како што покажа неодамнешниот случај во Холандија, сама нема нешто многу што може да направи околу тоа.
Со месеци ќутенката играле за еден баг кој го откриле во незгодно време, кога заради Кембриџ аналитика, Фејсбук и другите социјални мрежи беа под силна критика колку и како ги чуваат нашите податоци.
Во 2014 во едно крајно неочекувана зделка Фејсбук го купува Вотсап. Главно неочекувана не заради парите што ги даде, туку затоа што основачите на Вотсап редовно го рендаа и критикуваа Фејсбук и неговиот бизнис модел базиран на шпионирање на своите корисници и продавање на нивните информации.
Трите најголеми европски новински агенции Франс-прес, Прес асосиејшн и Дојче прес-агентур, во заедничко писмо побараа од Европскиот парламент да ги надополни законите за авторски права на ЕУ со цел да се справи со „гротескниот дебаланс“.
Прво и основно што треба да се разбере за Фејсбук е дека не е социјална мрежа, туку платформа за рекламирање. Како и да ви изгледа вам, треба да имате на ум дека крајниот биланс е: 98% од приходите на Фејсбук доаѓаат од рекламирање.
Дури и кога не служи како интервју за вработување во државна администрација за сметка на вистински професионален кадар, драмењето на Твитер и задава удар на демократијата со секоја бесмислена дебата што таму си ја наметнуваат сами на себе, објаснува Шади Хамид во Атлантик.
Од моментот кога истиот оној систем за кој не можеа да престанат хвалоспеви за време на најразлични „пролети“ и „револуции“ низ светот помогна Америка да се разочара во самата себе од изборот кој го направи за Белата куќа, Фејсбук премина во константна дефанзива. Дел од дефанзивата беше и обемна маркетинг кампања направена по сите стандарди за да ја одоброволи накострешената јавност.
Акциите на Фејсбук денес на отворањето на њујоршката берза изгубија 18% од вредноста откако вчера компанијата соопшти дека 3 милиони корисници во Европа ја имаат напуштено социјалната мрежа по откривање на скандалот со Кембриџ аналитика.
Во деновите по изборната победа против Хилари, Марк Закерберг лично му се јавува на Трамп за да му честита на него и на неговата кампања на победата, која потроши милиони долари на рекламирање на Фејсбук. Базфид објавува дека приватниот разговор е „само еден од серијата приватна поддршка на вработени на Фејсбук за начинот на кој кампањата на Трамп ја употребува платформата.“
Ова е сосема посебен случај и единствена сличност со минатогодишната казна од 2,7 милијарди евра е што повторно главни ликови се ЕУ и Гугл. Ланската казна се однесуваше на шопингот, годинешниве 4,3 милијарди се однесуваат на Гугл пребарувањето, Хром и Плеј стор.
Закерберг е основач, ЦЕО и претседател на бордот на Фејсбук. Тој исто така го контролира мнозинството од акциите на компанијата со право на глас. Неговата моќ во компанијата е комплетна. Тој не може да биде отпуштен или дисциплиниран. Ако директорите од бордот се обидат да го отстранат, тој со своите акции едноставно може да ги надгласа и потоа да ги замени со попријателски настроени.
Пролистување на 8.000 статуси на ден и отрпнување на детска порнографија се двете искуства со кои Сара Кац го завршува својот стаж како модератор на содржини објавени на Фејсбук.
Комбинација од дизајн, зборови кои наведуваат на погрешен заклучок и илузија на контрола се дел од мерките што трите технолошки џинови ги користат за прелажување на корисниците да им ги отстапат нивните лични податоци, покажува студија на Норвешкиот потрошувачки совет.
Наскоро на администраторите на дел од Фејсбук групите ќе им биде дозволено да наплаќаат претплата за пристап до својата група. За почеток ова ќе важи за групи за домаќински работи: родители, готвење и чистење по дома.
Комитетот за правни работи на ЕУ ја изгласа Директивата за авторски права, која во основа е само апдејт на техничките термини на законот за авторски права, освен два члена кои предвидуваат плаќање надомест за објавување туѓи линкови и филтрирање на целата нова содржина.
Концентрирана кампања за манипулација на цената најверојатно е одговорна за најмалку половина од растот на цената на биткоинот и останатите криптовалути во 2017, се тврди во истражување изработено од академик кој има цело портфолио на откриени измами на финансиските пазари.
Тезата од една дисертација е дека не е во прашање содржината на нешто, туку чувството на припаѓање кон некоја група и држење чекор со неа. Затоа се клика на секакви глупоштини.
Неодамна усвоениот GDPR е малку офтика и малку мачкање очи (вистинските злотвори ги заболе дали сте кликнале за колачиња), но она што следува допрва ќе го уништи ќефот на слободниот интернет.
Компанијата соопшти дека ја укинува секцијата „трендинг’ во која своевремено полагаа големи надежи. Нивниот потег е признание дека и најсофистицираните алгоритми не се семоќни во одлучувањето што ќе се фати кај луѓето. Трендинг почна сè помалку да се користи а кога се користеше, беше проблем.
Многумина познати професионалци со интегритет се бунат против на големо злоупотребуваната моќ на онлајн коментарите поради што куп поштени бизниси се тресат дали некоја будала ќе им даде лоша оценка или ќе им се насере во коментари. Но, тоа знае да го кошта и коментаторот.
Тоа што браусерот си го ставил/а на „инкогнито“ не значи дека твојата активност засекогаш е исчезната, туку само дека таа е подобро скриена на твојот уред.