Заради серија причини, меѓу кои семоќноста е еден од посериозните, Закерберг моментално е во војна со своите акционери. Извештај на Бизнис инсајдер покажува дека 51% од независните Фејсбук инвеститори (акционерите кои не се Закерберг или неговите извршни директори) веруваат дека Закерберг треба да биде отпуштен од позицијата претседател на бордот, а 83% од нив веруваат дека треба да се укине структурата на акциите која на Закерберг му даваат комплетна контрола врз компанијата.
Бунтот посебно изненадува ако се има предвид успехот на акциите што Фејсбук го постигнува со Закерберг како директор. Од излегувањето на берза во 2012 до денес вредноста на акциите е порасната од 38 на 195 долари.
Подеднакво застрашувачки изнесува бројноста на противниците, бидејќи во досегашната пракса инвеститори успеваат да предизвикаат сериозни промени во компанија со поддршка од околу 20-30% од акциите на компанијата.
Проблемот на акционерите со Закерберг не е толку во неговите бизнис постапки туку најчесто во справувањето со скандали (руски реклами, Кембриџ аналитика), серијата грешки што ги има направено и за кои редовно се извинува во јавноста, и однесувањето од времето кога го започнува сервисот („корисниците се глупи,“ „ми пуштаат што ќе им побарам“ и слично).
На пример во март по излегувањето на Кембриџ аналитика скандалот акциите на Фејсбук паднаа за 6% бришејќи 30 милијарди долари од вредноста на компанијата.
„Затоа грешките во процената на Закерберг знаат да тежат и милијарди долари,“ пишува Џим Едвардс во текстот за Бизнис инсајдер.
Заклучокот на Едвардс е прилично разочарувачки во однос на целата ситуација објаснувајќи „не е јасно што точно можат независните акционери да направат за да изнудат повеќе одговорност од внатрешната структура за управување со Фејсбук.“