Фејсбук на располагање има 2 милијарди членови од чие внимание во 2017 имаат заработено 40 милијарди долари.
Заработувањето оди преку претворање на твоите лични информаци, кликови (што и да кликнеш, како и да реагираш) и постови во „атрибути на корисникот“ што е основа по која те групираат во одредена категорија (или повеќе категории) кои потоа ги продаваат на компаниите што огласуваат кај нив.
„Магијата“ на ова категоризирање е што тоа може да се тера до микро-ниво, плус тоа се комбинира со „Custom Audiences“ која на огласувачот му дозволува овие информации да ги комбинира со офлајн информации како телефонски број или адреса на корисникот. На крај, тоа што стига до тебе е речиси непогрешиво точно и прецизно за тебе.