Според Вол Стрит Журнал, Гугл го открил багот во софтверот на Гугл+ во март оваа година и брзо го поправил но решил да не кажува за него. Таква одлука донеле извршните директори на компанијата известувајќи го за тоа нивниот шеф Сундар Пичаи.
Багот постоел од 2015 година и преку него вкупно 438 надворешни апликации можеле во одредени случаи да дојдат до приватни податоци за корисниците и нивните пријатели.
Внатрешната контрола утврдила дека речиси 500.000 корисници на социјалната мрежна угл можеле да бидат засегнати од можен упад во нивната приватност. Гугл вели дека досега не забележале злоупотреба на тие податоци, но можно е да ја има а таа да не е детектирана.
Гугл имаат среќа што дупката ја откриле во март бидејќи европските правила по кои компаниите мора да ги известат свиоте корисници за упад во податоците најдоцна 72 часа откако багот ќе биде откриен, стапија на сила во мај.