Хамид како пример ја дава една од „најсмешните вештачки создадени контроверзии“ кога колумнистката на Њујорк тајмс, Бари Вајс, пишува „Имигранти: знаат да завршат работа“, откако лизгачката Мираи Нагаси стана првата Американка која извела тројна пируета на една Олимпијада.
„Општествено освестените жители на Твитер веројатно сфатија дека треба да бидат гневни на Вајс само откако видоа дека други луѓе се гневни, како што често пати се случува,“ пишува Хамид.
Позицијата на Хамид околу целата „контроверзија“ е дека тој како дете на имигранти, кога би бил Олимпиец и кога луѓе би го поврзувале со имигранти, тој тоа „би го сфатил како комплимент“.
Иако Вајс можеби требала да признае дека нејзиниот коментар повредил некого и би требало да се извини, сепак:
„Она што е проблематично зад сето ова е самата премиса: само затоа што на стотици луѓе нешто им изгледало навредливо не значи дека, стварно, било навредливо.“
Зборувајќи за својата ситуација, Хамид објаснува дека јасно му е дека кога ќе го прашаат од каде е, луѓе мислат на неговото етничко потекло, „Слично, кога јас ќе прашам некој од каде е, и ќе ми одговори од Конектикат, ми доаѓа да превртувам со очи, бидејќи не ми е гајле што е од Конектикат.“
„Ставовите и убедувањата се добра работа, но само ако има нешто во кое веруваш. Политиките на идентитет и лицитирањето доблест што го изискуваат често пати сигнализира отсуство на религија во потрагата по религија, додека следбениците ги имитираат елементите од кои е составена: ритуал, чистота, покајување и екскомуникација.
Во чисто практична смисла, моралното позирање обично нема никого да предомисли бидејќи луѓето тоа интуитивно го толкуваат како ’форма на напрегање за постигнување статус во групата’. Меѓутоа тоа не ни има потреба да разубеди некого. Неговата цел е да ја трансформира политиката во борба за пуританство. Не е доволно да се има правото мислење или намера: подеднакво важни се и точните зборови употребени за да се пренесе правото мислење, како што Вајс тоа брзо го дозна. Во оваа рамка признавањето на легитимноста на поразлично мислење - станува исто така тешка; станува морален неуспех.
Недоразбирањето во левицата околу улогата и релевантноста на идентитетот се префрли и во меинстримот. Ова е опасно недоразбирање кое треба да биде сопрено. Политиките на идентитет, како што покажува реакцијата на твитот на Вајс, знаат да предизвикаат поделба; и да го одвлечат вниманието од фундаменталните дебати. Големиот дел од земјата кој е централно лев, ако има каква било надеж за добивање на изборите, едноставно не може да се надева само на анти-трампизмот. Потребни му се нови идеи, но тоа значи дека треба да ги имаат овие идеи. Наместо идеи, тие имаат што и да е ова: мали разлики, огорченост и потреба да се биде навреден,“ порачува Хамид.