Иако очекувањата се дека „што се случува во инкогнито, останува во инкогнито“, пресвртот е дека тоа што кај тебе на уред ги нема овие активности тоа не значи дека некој од другата страна не снима што правиш ти. И како што обично бива, тој од другата страна знае да биде Гугл (провери си во Моја активност - http://myactivity.google.com/myactivity), а ако не е Гугл тогаш е твојот интернет провајдер, кој ги регистрира сите адреси што си ги посетил, без разлика дали си бил во инкогнито или не.
Едно од можните решенија за да се заобиколи сето ова е користење ВПН, кој го рутира сообраќајот да оди преку туѓи сервери, а во исто време и ги енкриптира информациите. Тука интернет провајдерот не може да припари до твоите информации, ама затоа пак ВПН сервисот снима сè што минува низ него.
Следна точка на регистрирање на вашите информации се, на пример, порно сајтовите што сте ги посетиле, кои исто како што интернет провајдерите знаат кој каде оди, тие знаат кој од каде им дошол.
Дури и порно сајтот да реши дека не го занимате нешто посебно, мрежите кои продаваат реклами на сајтовите за возрасни исто така ги следат вашите навики и преференции во пребарувањата и содржините што биле консумира, па по таа основа и ве таргетираат и ви сервираат реклами.