Мишел Левин од Менхетн била на гинеколог кој ѝ извел што мануелен, што ултразвучен преглед. За тоа, до нејзиното здравствено осигурување доставил сметка од 1.304 долари. Бидејќи дел од услугите нејзиното осигурување не ги покривало, требала од џеб да плати 427 долари.
Лута и згрозена од тоа, отишла на пар веб сајтови, Јелп и слични, ставала по една ѕвездичка на ординацијата и им се насерувала на услугата, дека се апаши и нефер.
Две недели подоцна добила известување од адвокатот на ординацијата, дека ја тужат за лажни наводи, нарушување углед, онлајн малтретирање и нанесување деловна штета и во тоа име бараат отштета од еден милион долари.
„Многу лоша и измамничка пракса. Се сомневам дека докторот на многу луѓе им изведува непотребни дијагностички процедури за потоа истите скапо да им ги наплати“, пишала Левин на Јелп.
Колку скапо ќе ја чини целиот случај допрва ќе се види бидејќи процесот е на почеток. Досега, за адвокатски трошоци за одбрана дала 20.000 долари.
*****
Што мисли Тони Бордејн за целата таа култура на онлајн малтретирање: