Бизнис

Господар на ѕидовите?

Одлуката на Трамп да воведе нови давачки за кинески призводи вредни 50 милијарди долари, беше дочекана со идентична одлука на кинеската влада, и нешто поговорки од кинеските медиуми.

Кога ќе те купат, твоето име не е твое име

Бајер го купува Монсанто и отворено најави дека како нов сопственик, веднаш ќе му го укине името. Во овој случај барем ја знаеме цената на операцијата.

Колку пари ти требаат за да си богат во Америка?

По некое ново редефинирање значителен број луѓе не мислат само на пари, за кои некоја почетна разумна граница е неколку милиони долари, кога зборуваат за богатство.

Непрофитниот сектор вреден милијарди долари

Слејт 90 е список на 10-те најголеми непрофитни организации по приходи во секој од деветте различни непрофитни сектори што ги одредува американското УЈП. Парите што се донираат во непрофитни организации се еден од начините за ослободување од данок, односно пари кои инаку (по правило) би требало да завршат во буџетот на земјата.

Нe да сме сиромашни, на земјава не ѝ се исплати што нè држи

За да бидеш во најбогатите 1% во САД потребно е да живееш во домаќинство кое има приходи од над 430.000 долари годишно, и заради недостижноста тоа и не е некоја метрика која нè потресува. Проблемот е со најсиромашните, кои пак изгледаат далеку.

Нестле плати 7,1 милијарда долари за да може да го продава кафето на Старбакс

Од продажба на кафе, како Нескафе и Неспресо, Нестле годишно има приходи од околу 2 милијарди долари, со зделката со Старбакс ова треба значително да порасне.

Фолксваген нарача батерии колку што кошта цела Тесла

Германскиот автомобилски гигант ги израдува набавувачите на батерии за електрични автомобили со чек од 48 милијарди долари. Отприлика колку што на денешен ден чини компанијата на Елон Маск.

Тесла без дно

Иако никој не ја оспорува генијалноста на Елон Маск, на тие што се занимаваат со финансии комплетно не им е јасно што и како тој размислува на тема пари во време кога Тесла губи по 6.500 долари на минута.

Како им оди на луѓето што први му дадоа пари на Безос да го основа Амазон?

Првични инвеститори во Амазон се групата составена од роднини и пријатели на Безос од кои секој, пред повеќе од 20 години, му дава по 50 илјади долари во замена за 1% од компанијата.

Џеф Безос против светот

Компанијата вреди 740 милијарди долари и располага со интимно познавање на своите потрошувачи, два фактори што Амазон го прават кошмар за секоја индустрија во која ќе реши да влезе.

Епл ќе почне на Ирска да и ги исплаќа 13-те милијарди евра данок што го избегнуваше

Сумата е одредена во пресудата од август 2016, според која повеќе од една деценија Ирска му попуштала на Епл во наплатата на данок.

Во Кипар сè е на продажба, а Кинезите се пуштени во шопинг

На една страна е упорна светска сила од 1,4 милијарди луѓе за која ни еднаш до сега немаме слушнато дека се жали за пари, на друга страна се 1,2 милиони островски Грци со исти монетарни навики како овие копнените.

Сезона на даноци и корпоративно избегнување на истите

Во 2016 две-третини од профитите што американските мултинационални компании ги имаат направено вон САД се наоѓаат во 6 држави, за кои е карактеристично што имаат ниски или непостоечки даночни стапки. По многу зборување околу ова и протекување на документи за оф-шор компании, последниот обид за прибирање на овие даноци во САД е да им се даде повластена даночна стапка.

Фејсбук е 24 милијарди долари побогат по сведочењето на шефот

Како што Закерберг махерски ги затвори сослушувањата пред американските законодавци, така вредноста на Фејсбук инстантно пркна на американската берза.

До 2030 ќе биде уште подобро да имаш пари отколку да немаш

Од сегашните половина од светското богатство, уделот на најбогатиот 1% на светот до 2030 ќе порасне на две-третини од целото богатство.

Швеѓаните се напнаа што ништо не плаќаат со кеш

Пред воопшто да можат да тргнат во својата борба против воведување целосно безготовинско општество, активистите за оваа кауза прво треба да го решат проблемот како да мобилизираш народ во Шведска кога сите и веруваат на која било влада што ќе дојде.

Ќе преживее ли Тесла?

Во својата анализа на Тесла, хеџ-фондот Вилас капитал го нагласува следниот податок: Моментално Тесла вреди два пати повеќе од Форд, а сепак Форд минатата година произведе 6 милиони автомобили со профит од 7,6 милијарди долари, додека Тесла произведе 100.000 автомобили со загуба од 2 милијарди долари. Дополнително, Форд има резерва од 12 милијарди долари во кеш за „не дај Боже“, додека Тесла најверојатно за 3 месеци ќе снема пари.

Амазон изгуби 53 милијарди долари затоа што Трамп твита

Како што расте гневот кон големите технолошки компании и секој што ги злоупотребувал личните податоци, така Вол стрит на волеј реагира на секој неочекуван сигнал. Овој пат тоа беше твит од Трамп.

Како Фолксваген излезе жив од речиси фаталната сообраќајка

Пред 3 години Фолксваген беше центарот на веројатно најголемиот скандал во историјата на автомобилската индустрија. Откако беше фатен дека ги лажирал тестовите за загадување, компанијата се претвори во глобален главен непријател, заврши со казни од околу 30 милијарди долари и глобален презир. Минатата година групацијата Фолксваген беше број 1 во светот по продажба на автомобили.

Банките како најголема закана за климата

Додека главната мантра на политичарите е „зелено, еко, чисто, природно, обновливи извори,“ банките, истите оние пред неколку години спасени од политичарите, почнаа на фосилни извори на енергија да вложуваат повеќе капитал од вообичаеното.

10 години по глобалниот финансиски крах

Минаа деценија откако речиси нерегулираните, претежно американски, банки ја распарчија светската економија, започнаа војни и уништија милиони животи. Вол стрит журнал прави ретроспектива на деценијата.

Што сè Американците увезоа од Кина во 2017

Минатата година Кинезите успеваат на Американците да им продадат роба во вредност од 506 милијарди долари. Само од царинењето на кинеската роба (се царинат помалку од половина од сите производи) во американскиот буџет влегуваат околу 13,5 милијарди долари.

Унилевер ја напушта Британија (и тоа нема никаква врска со брегзит)

Производителот на сè е од Дов сапуни до Магнум сладоледи, одлучи да го пресели своето седиште од Лондон во Ротердам. Она што им е многу важно за јавноста да знае е дека преселбата не е поврзана со тоа што Британија излегува од Европската Унија.

Бонусот наречен лотарија

Авио-компанијата Јунајтед ерлајнс одлучи да ги укине досега востановените бонуси за сите вработени, и на нивно место да воведе нешто многу поисплатливо за компанијата - лотарија.