Виолетовото евро е на лош глас затоа што се поврзува со перење пари и финансирање тероризам.
Неговиот главен грев е што овозможува големи суми пари лесно да се пренесат. Па ако 1 милион евра во банкноти од 50 евра тежат 20 килограми, истата оваа сума во 500-ки тежи само 2,2 килограми.
По одлуката, Германија и Австрија останаа единствените две држави од евро-зоната чии банки ќе продолжат да издаваат 500-ки, додека останатите членки на 26-ти април раскрстуваат со банкнотата.
Банкнотата и понатаму ќе важи како платежно средство во Унијата и низ цел свет, само Централните банки повеќе нема да ги враќаат 500-ките во оптек, ниту пак ќе се печатат нови.
На почетокот од годинава имало над 521 милион банкноти од 500 евра, со вкупна вредност од речиси 261 милијарда евра.