Извештај од 2018 покажува дека околу една третина од светските сопственици на приватни авиони имаат богатство над 500 милиони долари.
Примерите од воведот се од извештај на компанија за софтвер за менаџирање на трошоците на приватни авиони, Мај скај. Така, сушито, поточно 240 кутии од него биле послужени на лет на кого немало никого, а 7-те илјади долари за пластични чашки е трошок кој настанал откако снабдувачот по грешка додал две нули плус во цената. Вишокот бензин што му бил наплатен на друг муштерија, бил 2 тони повеќе отколку вкупниот капацитет на резервоарите на авионот.
Дел од проблемот е папирологијата што ја генерира еден лет, и таа може да вклучува дузини фактури за гориво, храна, дозволи за прелетување, трошоци за аеродром, сервиси на тло, хотел за екипажот и општо одржување на леталото.
Во целата оваа гужва од документација, обично знаат да се протнат и некои не многу логични трошоци кои може да извадат пари, а може и да завршат на ѕидот на срамот.
Се проценува дека глобално има 21.000 бизнис авиони, за чие функционирање и одржување сопствениците плаќаат 32 милијарди долари.