Пастрмајлија како економски индикатор?

Во Грузија имаат едно печено лепче кое по изгледот и по популарноста е слично на македонската пастрмалија. Тамошни економисти од тоа прават економски индекс со кој мерат инфлација и утврдуваат разлики во трошоците на живот по градовите.

Хачапури е грузиски еквивалент на македонската пастрмалија, и по сличниот концепт и по тоа колку ја има секаде и сите се горди само на локалната верзија.

Но, не е тоа муабетот.

Популарноста и сеприсутноста на нивното хачлапури го искористиле економисти од државниот универзитет во Тбилиси и почнале да го користат како метрика за инфлацијата и трошоците за живот во различните градови. Имено, просечниот приход на едно семејство го делат со Х-индекс кој е синтетизиран податок од трошоците за мастрафот, цената на плинот, кириите и други локални давачки и слично. Така добиваат претстава како се живее во некој град односно колку хачапури можат да се купат со просечен приход.

Инаку, се работи се издлабено лепче во кое се пече јајце измешано со сирење/ кашкавал. Постојат различни верзии (со компири и др.) но главно се без месо па рака на срце, грузиското хачапури, иако по облик личи на пастрмалија, по состав е поблиску до она што во Ужице се вика „лепиња са све“.   

****

Башка сето ова, знаете ли дека во Грузија ги нервира кога ги викаат Грузија?

5 март 2019 - 09:18