Свет

Советник на Клинтон извршил едно од најкомплицираните самоубиства

Полицијата на Арканзас заклучи дека еден од највисоките советници на Бил Клинтон, Марк Мидлтон, кој беше најден мртов обесен на дрво и застрелан во градите - извршил самоубиство. Мидлтон е еден од луѓето на Клинтон кој се поврзува со Џефри Епстеин.

Еквадор бетонира со кокаин

Во 2021 Еквадор има запленето 210 тони кокаин, што е доволна количина за да престанат да размислуваат за негово палење, туку да го измешаат со цемент и да го користат за бетонирање каде што ќе затреба.

Сите би да ветат пари за Украина, ама не и да ги уплатат

До сега помалку од половина од финансиската помош што Западот и ја вети на Украина од почетокот на војната има стигнато во Киев, пресметуваат западни аналитичари.

Венеција на суво

Над 150 канали во Венеција се пресушени, сосе гондолите заглавени на дното, откако изминатиов период градот е погоден од ретко забележана осека на околното море.

Дупката во свесноста на американската армија се простира многу вон балоните

Фразата што ја користи американскиот генерал Глен Ванхерк, командантот на НОРАД, за тоа како на цела таа грдна одбрана и технологија им се протна кинескиот балон е „процеп во подрачната свесност“, што според колумнистот на Блумберг, Ниал Фергусон, е совршен пример на пентагонски јазик.

Руската војска престанала да го снабдува Вагнер со муниција

Основачот на Вагнер групата обвини неименувани руски воени функционери дека одбиваат да им испорачаат на борците на Вагнер доволно муниција како последица на ривалството меѓу него и дел од руската елита.

Кинеската пропаганда е изненадувачки успешна во странство

Иако пропагандата која доаѓа од кинеските медиуми не е ниту многу суптилна, ниту многу точна, сепак кога е насочена кон странци кинеската порака е неочекувано ефикасна, го пренесува Економист заклучокот од студија спроведена од политиколози од Харвард, Јеил и Гронинген.

Едвај четвртина од ветените тенкови ќе стигнат во Украина пролетва

Брзањето и итноста на испораката на западните тенкови во Украина е затоа што Русија ќе тера со својата пролетна офанзива без разлика дали тие стигнале или не. Сега излезе дека и тоа што ќе стигне ќе биде малку.

Директор на германско разузнавање уапсен за шпионирање за Русија

Некаде пред Божиќ конвој возила на германските безбедносни служби се паркира пред една куќа во германското гратче Вилхејм, каде е дојдена да уапси еден од локалните фудбалски тренери за деца. Тоа што локалците не го знаат е дека 52-годишниот тренер е директор на техничко разузнавање на БНД, германската служба за шпионирање во странство.

Една година празнење на воените магацини на Европа

Западот почнува да се освестува околу реалноста дека ќе треба да ја одржуваат украинската армија низ долг и крвав конфликт, пишува Хенри Фој во текстот за Фајненшл тајмс.

Илон би владите низ светот малку да се раздвојат меѓу себе

На сред нешто што се вика Самит на светска влада видео обраќање имаше Илон Маск, со порака дека светските елити, присутни или не на самитот, треба да олабават со идејата за светска влада.

Турција пушти 113 налози за апсење на турски градежници

Сите налози се за апсење на луѓе поврзани со згради кои паднаа за време на катастрофалниот земјотрес. До сега уапсени се 12 лица.

ЕУ забрани продажба на дизел и бензиски коли од 2035

Законот што го изгласа Европскиот парламент предвидува дека купените дизел и бензиски возила ќе можат да продолжат да се возат и по 2035, само нема да може да се продаваат нови.

САД почнаа да и бројат време на Украина

Неполна недела откако се појавија извештаите на разузнавачките служби дека „Путин игра на време“ Вашингтон пост објавува дека американски функционери почнале да ги притискаат украинските лидери дека е крајно време да се направи значителен напредок на военото поле.

А зошто сите старци во Јапонија да не се самоубијат?

Предлогот доаѓа од професор на Јеил со јапонско потекло според кого масовното сепуку на возрасното население ќе ги реши сите проблеми со се постарата популација на земјата. И човекот стана ѕвезда во Јапонија за тоа што го кажа.

Украина е останата речиси без муниција

Украина моментално има две големи потреби, едната е муниција за оружјето што го доби, другата е сосема ново оружје и сосема нови типови оружје. Оваа првата е многу поалармантна.

Бајден го крчка најголемиот воен буџет на САД во историјата

Администрацијата на Бајден се подготвува од Конгресот да го побара најголемиот буџет што Пентагон некогаш го имал, тврди финансовиот на американското министерство за одбрана.

Ако сте во Австралија или Нов Зеланд не паничете кога ќе почне нуклеарната апокалипса

Австралискиот континент е најдобро позициониран и обезбеден со храна и енергија, за продолжување на човековата цивилизација во случај истата да ја пеплосаме.

САД не е во војна со Русија, освен што испраќа оружје, муниција и координати за стрелање

Украински функционери за Вашингтон пост тврдат дека тие речиси никогаш не лансираат ХИМАРС ракети без да имаат детални координати испратени од американски воен персонал стациониран во Европа.

Талибанците ги стигна најтешката клетва, да работат во канцеларија

Дел од џихадистите што во време на американската окупација по цели денови јаваа коњи и гледаа кого попрво да го укинат од планетава, по преземањето на власт во Авганистан заглавија зад бироа и тоа во државна администрација.

Путин игра на време

Рускиот претседател е уверен дека во војната во Украина времето е на негова страна и за сега во ниту еден момент не ни помислува за запирање на инвазијата, тврди естонското разузнавање.

Турција мрднала 3 метри на запад по земјотресот

Земјотресот кој беше резултат на движење на арапската тектонска плоча, предизвикал соседната анатолиска плоча, заедно сосе Турција над нејзе, да се придвижи на три метри кон запад.

Киев добил понуда да купи воени дронови за 1 долар

Додека другата опрема стигне во Украина американски производител на воени дронови му понудил на Киев да му продаде два Рипер МКу-9 дронови по цена од 1 долар.

Земјотресот уби илјадници јадници кои бегаа од војната

Греота за сите жртви од земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија. Досега се зборува за 5.000 жртви но таа бројка ќе биде можеби и повеќекратно зголемена. Да не биде таа несреќа сама, природната катастрофа погоди област во која милиони луѓе бараа мир и засолниште од 12 годишната војна во Сирија.