Истото важи и за Ф-16ките, за кои Украинците треба да почнат да се обучуваат, но не треба да ги очекуваат да им стигнат во скоро време.
„Сите признаваат дека на Украина и е потребна модернизирана воена авијација. За тоа ќе треба значително време,“ порачал првиот човек на американскиот генералштаб, генерал Марк Мајли.
Помошта околу авијацијата моментално е стигната до фаза на планирање, конкретно која ќе биде големината на групите за обука за управување со Ф-16ки, типовите на тактики кои ќе се изучуваат и локации каде ќе се случува сето тоа. За сега САД немаат потврдено дека кога било ќе и испорачаат Ф-16ки на украинската армија, но се согласни да учествуваат во обуката.
Во Германија околу 200 украински војници започнаа 12-неделна обука за маневрирање, пукање и општо оперирање со напредни оклопни системи, а дополнителни 200 војници имаат обука за точење гориво во тенкови и одржување на цистерни за гориво.
Овие вторите се исклучиво важни за логистика на Абрамсите, кои трошат минимум 4,7 литри на километар „без разлика дали се движат или стојат во место“. Заради ова неопходно е Абрамс тенковите цело време да бидат следени од конвој цистерни, за да можат да продолжат да напредуваат. (Еден Абрамс тенк тежи 70 тони, а на пример Голф 2-ка е околу 1,3 тони.)
Нивната обука треба да заврши пред доаѓањето на есента, за кога администрацијата на Бајден најави дека ќе ги испорача Абрамс тенковите на Украина. 70-тонските американски тенкови ќе бидат дел од вкупно 300 тенкови помош ветени од сите западни сојузници.