Како беше во Палестина во мај 2023?
Оваа тема не е ни на маргините, не само кај нас каде што јајца ни потекоа со уставот (ко да не ни е јасно дека не ни треба апгрејд на уставот, туку рестарт на државата) туку и на светските медиуми кои се опседнати со Трамп, Украина, климатски промени.... Низ фотографии, мајот во Палестина беше ваков.
Собрани под урнатините на куќа после ракетирањето на северна Газа
Демонстрации во Рамала по повод смртта на Кадер Аднан кој починал по тримесечен штрајк со глад. Бил апсен 12 пати, некогаш и без повод и обвинение
Вооружените од бригадата Балата, гневни за загинатите во истоимениот бегалски камп во градот Наблус
Ученици на урнатините на своето школо источно од Витлеем. Училиштетото било изградено со пари од ЕУ
Протест во Газа за поддршка на политичките затвореници
Старата Ибтихај Давла уште ги чува клучевите од својот стар дом од кој била протерана во 1948-ма, во настанот кој Палестинците го паметат како „Катастрофа“ (Нагба)
Испраќање на Палестинци убиени во ненадејните ракетерања во Газа
Зграда во Газа
Газа, ноќта на 10 мај
Уривање на два палестински дома во источен Ерусалим. Немале дозвола. Во тој дел на градот, реткост е Палестинец да добие дозвола.
Спомен обележје на новинарката на Ал Џезеира, Ширен Абу-Акле, убиена од израелски снајпер пред една година
Погреб на 22 годишен Палестинец во северниот дел на појасот Газа
Протести во Лондон во сеќавање на 75 годишнината од „Катастрофата“
За истиот повод, во Њујорк
55 годишниот Јахја Абу Обаид, стои на нешто што до вчера било негов дом
И овие деца живееле тука, до изралеските напади од 13 мај
62 годишниот Хазем Мухана. Куќата му била полна со археолошки артефакти кои цел живот ги собирал
Израелскиот министер за безбедност, Итаман Бен-Гвир, на прослава на освојувањето на источен Ерусалим во 1967
Палестински протести против прославата
Поддршка за Исламистичкиот Џихад, движење кое изгуби добар дел од командантите во последните напади
Добро, сладоледи и натаму се прават
Гласање на советот на универзитетот Бирзеи кое се смета за барометар за палестинското расположение. Оние на Хамас ги победиле оние на Фатах
Студенти од Тел Авив против законот со кој ќе се забранат палестински знамиња на израелски универзитети
Кога се зборува за Палестина, главно се зборува за жртви. Во неколкудневните израелски ракетирања биле убиени 50 Палестинци, од кои 13 цивили, од кои седум деца, од кои најмалото со 4 години.