Трамп го чекаат 400 години затвор и над 9 милиони долари казна

Обвинението против Трамп има 49 страници, на кои американските власти успеале да соберат 37 одделни обвиненија со кои се прекршуваат 7 различни федерални закони. Максималната казна за сето ова се 4 векови затвор и некои си 9,25 милиони долари казна.

Првите 31 обвинение сите се однесуваат на „свесно задржување на информации од национална безбедност“ и за секое едно од нив е предвидена максимална казна од 10 години, плус 250.000 долари глоба.

За секое од следните четири обвиненија: заговор за попречување на правдата, задржување на документи или досие, криење на документ или досие, криење на документ во федерална истрага, на Трамп му следуваат по 20 години затвор, плус по 250.000 долари глоба пер обвинение. 36-то обвинение е план за криење, за што би добил 5 години затвор и 250.000 долари парична казна, а последното 37-мо е лажни изјави или претставување, за што му следуваат идентични 5 години со 250.000 долари.

Трамп ги отфрла сите овие обвинувања, а на говорот во Џорџија индиректно порача дека нема да дозволи да биде уапсен:


На истиот настан неговата колешка од Републиканците, Кери Лејк, порача дека ако некој сака да стигне до Трамп ќе треба да мине преку нејзе и уште 75 милиони Американци како нејзе, од кои најголемиот дел се членови на НРА:


Трамп доби поддршка и од луѓе од нашето не така далечно соседство:


Доналд помладиот исто така имаше своја опсервација на темата:

12 јуни 2023 - 10:39