Забраната за медиуми е крајно невообичаена за ОПЕК бидејќи известувањето од таму директно влијае на цените на енергенсите и финансиските пазари низ светот, а спомнатите медиуми се едни од најкредибилните извори во оваа сфера.
До сега ОПЕК стандардно им дава акредитации на сите новинари кој сакаат да ги покриваат состаноците во Виена.
Иако нема официјално објавена причина зошто овие медиуми не се поканети, шпекулацијата е дека тоа е направено на барање на саудискиот министер за енергетика.
Состанокот на организацијата следува откако цените на сировата нафта паднаа под 70 долари за барел на њујоршката берза, со што се збришаа сите придобивки од кратењето на производството на нафта во април.
Падот на цените се должи главно на послабите економски податоци од Кина која е најголемиот увозник на светот, и константно високот ниво на испорака на нафта од Русија, која претходно вети дека ќе скрати 500.000 барели нафта од светскиот пазар.