Реплика за Бајден

Како што овде ни ги потекоа јајцата/јајниците со Бугарите/Бугарките и возовите/бродовите за Европа, додека истовремено нè убива метастазираната корупција и неспособност, така и во САД има теми кои се игнорираат и онакви кои се омилени и везден актуелни. Климатски промени, расни прашања, ЛГБТ теми како и во кое веце да мочаат транџите се стандарни хитови. 

Гад Саад:

Се чини дека секој ваш твит е за LGBTQ заедницата. Вие сте претседател на сите Американци.

Што е со илјадниците луѓе убиени од предозирање? Колку твитови тие заслужуваат?

Што е со луѓето кои не можат да си го дозволат следниот оброк? Колку твитови тие добиваат?

Најдете малку само-контрола. Најдете малку перспектива на работите. Престанете со оваа лажна оргијастична емпатија. Навистина е неверојатно.

*****************

п.с. Бајден уште нè нема спомнато.

Види и:

За да не помислат на класи, с'скај ги со раси

12 јуни 2023 - 12:22