Запад запрепастен колку малку Русија троши на војната

Настрана оние „пу-пу не важи“ идеи на Бајден дека Путин треба да биде соборен од власт, главната финта беше војната и санкциите да ја ослабнат и исцрпат Русија за таа да се откаже од  амбициозните цели во Украина. Засега, ништо од тоа. Советскиот сојуз во Втората светска војна издржа и победи со трошење 61% од БДП на војната. На оваа војна Москва троши 3 проценти од БДП.  

Руската инвазија на Украина носи голема геополитичка цена и десетици илјади изгубени животи, но нова анализа на „Економист“ сугерира дека земјата всушност троши мала сума за воените дејствија.

Директните фискални трошоци на војната - трошење на војска и воена машинерија - се проценуваат на околу 3% од БДП на Русија, или приближно 67 милијарди долари годишно.

До бројката е дојдено со споредба на предвидувањата за трошоците за одбрана и безбедност пред инвазијата, со она што Москва го потрошила.

Ова се многу ниски бројки во споредба со историските стандарди. За време на Втората светска војна Советскиот Сојуз трошел околу 61% од својот БДП (истовремено САД вложувале околу 50% од БДП). Од друга страна, овие 3% се значително повисоки од 0,4% од БДП што Советскиот Сојуз ги трошеше за војната во Авганистан.

Еден од факторите за релативно ниските трошоци за Украина е политичка, бидејќи владата ја нарекува војната „специјална воена операција“, со што се лимитира користење на преголем процент од БДП.

Има и економски причини. Печатењето дополнителен кеш за финансирање на војната би ја зголемило инфлацијата и оптоварило граѓаните. И оптоварувањето на банките со воени долгови би го имало истиот ефкт па тие две опции можат незгодно да возвратат на рејтингот и довербата кон Путин, пишува Бизнис Инсајдер.

Москва засега ја држи економската ситуацијата под контрола и покрај наметнатите санкциите кои до сега немаат преседан во нивниот опсег. 

7 јуни 2023 - 14:57