Дебатата за Украина ја водат тинк-тенкови финансирани од воената индустрија

Со гласна поддршка од влијателни тинк-тенкови, САД на Украина од почетокот на војната ѝ имаат донирано над 48 милијарди долари само во воена помош. Сега излегува дека таквите тинк-тенкови се финансирани од оние што го произведуваат оружјето кое се испраќа на фронтот. Има логика.

Вашингтонскиот Квинси институт го истражува финансирањето тинк-тенкови од Пентагон и негови изведувачи, напорите на истите овие организации за туркање политики од кои корист ќе имаат нивните финансиери и предоминатното потпирање на медиумите на тинк-тенкови финансирани од одбранбената индустрија.

„Анализата заклучува дека големо мнозинство од медиумските споменувања на тинк-тенкови во текстови за американското оружје и војната во Украина отпаѓаат на тинк-тенкови чии основачи имаат профит од американската воена потрошувачка, продажбата на оружје, и во многу случи, директно од американската вмешаност во украинската војна.

Овие тинк-тенкови исто така редовно даваат поддршка за нови политики кои ќе бидат од финансиска корист на нивните финансиери без да го откриваат овој очигледен конфликт на интереси,“ објаснуваат од Квинси институтот.

Од 27-те тинк-тенкови чии донатори можат да бидат идентификувани, 21 (77%) биле финансирани од воената индустрија.

Медиумите пак ги цитирале тинк-тенковите кои земаат воени пари во 85% од случаите, што е 7 пати повеќе отколку што ги пренесувале оние кои не примаат пари од изведувачи на Пентагон.

Притоа медиумите ретко кога ги идентификувале конфликтите на интерес кои се јавуваат од цитирање на експерти што доаѓаат од организации финансирани од воената индустрија „во случаи кога давале мислење кое може да е од директна корист на истата оваа индустрија“.

Квинси институтот проценил и дека од само една третина од американските топ тинк-тенковите за надворешна политика се транспарентни околу парите што ги добиваат, и препорачува да се воведе обврска за целата фела да открива од каде и доаѓаат парите и дали имаат некаков финансиски интерес од политиките што тие ги туркаат.

6 јуни 2023 - 13:03