Си најдовме за кого ќе навиваме:

Корнел Вест оди на избори

Јасно е дека Корнел Вест е препаметен и препоштен за да успее во американската претседателска трка 2024, ама па шо? Не мора сите за победници да навиваат. Филозоф, политички активист (бунџија уште од средно), јавен интелектуалец, професор на Принстон (од Харвард даде отказ заради „површниот диверзитет“ и „духовната мувла“), на избори оди како претставник на Народната партија.

Тој ни беше 'јатак' во оние хистерични времиња на овдешната лажна револуција, кога идиоти нè напнуваа да сме од нивна, за да не нè опањкавале дека сме се продале. А видовте кој каде и како тоа нивното заврши.   

Кратко запознавање со Корнел Вест, преку содржини за него објавени минатите години на нашиот сајт.

Другари и другарки, Корнел Вест

Политичкиот триумф на Доналд Трамп ги урна естаблишментите во Демократската и Републиканската партија - обете врзани со владеењето на Големите пари и на политичарите со лажен сјај.

*********

Корнел Вест даде отказ од Харвард

Филозофот и активист го најави своето заминување во март, но сега го објави и писмото со кое дава оставка, во кое како причини ги наведува „површниот диверзитет“ и „духовната мувла“ кои според него владеат во оваа престижна институција.

**********

Букбокс читанка: „Одржувајќи ја вербата“

Вест, снимен во такси кое вози низ Менхетен, во седум минути успева да направи пресек на историјата на идејата за смртта во западната филозофија и уште да се осврне на врската помеѓу филозофијата и џезот.

**********

За заедничка Македонија на правда и мир?

Двајца врвни професори од Принстон и Харвард, едниот левичар, другиот десничар, иницираа заедничка изјава. Клучна реченица: „Без разлика дали сте лево, десно или во центар, ПОСТОЈАТ луѓе со добра воља кои не ги делат вашите суштински убедувања“. Тоа е работа на професори, да ги потсетуваат пишпириците на важноста на слободата на говорот. А не...

А ова се неговите стартни позиции на различни теми по објавувањето на кандидатурата, формулирани за „Democracy Now“:

 

12 јуни 2023 - 15:00