За плацовите се квалификуваат сите борбени ветерани, воен персонал, доброволци и вработени во руската Национална грда кои добиле титула Херој на Русија или добиле друг вид на награда за нивната служба.
Правото на бесплатно земјиште ќе им биде дадено и на членовите на одликуваниот воен персонал или оние кои умреле од своите повреди или болести што ги добиле на фронтот.
Од декретот се исклучени Москва, Санкт Петербург и Севастопол, и тие ќе треба да развијат сопствени алтернативни мерки за поддршка на воените ветерани.
Од почетокот на војната Русија константно воведува нови мерки за поттикнување на своите граѓани да се пријават за служење војска.
Минатата година на сите руски војници кои служат во Украина им беше доделен статус на ветерани, со кој им следува пензија, даночни олеснувња, бесплатно патување и приоритет во јавното здравство.