Јужната команда на украинската војска тврди дека руските сили ја кренале браната во воздух, додека руските власти во Ново Каховка тврдат дека е терористички напад од украинска страна.
Браната висока 30 метри и широка стотици метри е изградена во 1956 од Советите како дел од Каховка хидроелектраната. Резервоарот на браната држи некои си 18 километри кубни вода.
Каховка е главен извор на вода за цел Крим, како и за потребите на нуклеарната централа Запорожје, инаку најголема во Европа, ја снабдува и истоимената хидроцентрала која е една од најважните точки за украинската електрична мрежа, а од нејзе се полни и системот канали кој полива голем дел од земјоделските површини во јужна Украина.
Веднаш по рушењето на браната првиот човек на регионот Херсон ги повика жителите веднаш да почнат со евакуација бидејќи во рок од 5 часа водата ќе достигне критични нивоа.
Русите ја освоија браната уште во февруари 2022, а и покрај обвинувањата од Зеленски дека имаат поставено експлозиви на нејзе, таа остана употреблива и за време на есенската офанзива кога руските сили беа приморани да се повлечат назад преку Днепар.
Во мај украинската страна обвини дека Русите намерно испуштаат поголеми количини вода за да ги поплават околните села кои се низводно од браната. Руски функционери за енергетика пак тврдеа дека постои ризик за уништување на браната од рекордните врнежи на дожд годинава заради што мораат да испуштаат вода.