Свет

Зошто Русија е уплашена од францускиот кашкавал

Моментално забраната за увоз на западни производи во Русија е на ниво на контра-санкции, меѓутоа руската царина подготвува предлог закон, со кој странската храна е квалификувана како "стратешки важна," термин што до сега се користеше за оружје, отрови и радиоактивни материјали, и прекршувањето на забраната ќе се казнува со затворска казна до 7 години.

САД се претегнаа околу сириските бегалци

До крајот на оваа година Соединетите држави планираат да примат илјади бегалци од Сирија. Две илјади.

ИСИС позитивен

ИСИС е еден од малкуте ентитети во човечката историја кои кога би биле во дуел со СИДА-та би ти дошло да навиваш за второво.

Глупиот имиграциски план на глупиот Трамп

Перјаницата на републиканската трка за претседателски кандидат го изложи својот план на темата на која самиот се смета за многу јак - дојденците. Да важеа правилата кои тој сега ги предлага, дедото на Доналд Трамп никогаш немаше да стапне во Америка.

Русија во битка до последното парче кашкавал

Во Москва е уапсена банда од 6 луѓе заради поседување и производство на 30 милиони долари вредна залиха на фалсификуван увозен кашкавал чедар.

Мојата ДНК е подобра од твојата ДНК

Населението на Бихар, држава во источна Индија која е трета по бројност на населението, собира примероци од сопствената ДНК за да му ја прати на индискиот премиер Нитиш Кумар. Причина: една негова за нив скандалозна изјава.

Утрото по експлозијата во Тианџин

Ноќеска се случија две огромни експлозии во пристанишниот град Тианџин. Загинаа вкупно 40 луѓе, од кои добар дел пожарникари, а стотици беа повредени. Кога се раздени сликата беше апокалиптично стравотна.

Dead Man Walking, ваистина Walking

20 години откако доби Оскар за нејзиниот обид на филмското платно да го спаси Шон Пен од смртна казна, Сузан Сарандон вистински застанува на страна на еден човек кој ќе биде убиен на 16-ти септември. 

Турска свадба на која биле нахранети 4.000 бегалци

Наместо да ги тераат вообичаените свадбени адети и да ги потрошат парите за веселба на своите пријатели, млада брачна двојка од Турција решиле на својата прослава да ги поканат и бегалците од соседна Сирија.

Дали Америка е подготвена да се европеизира?

Сталин ја скова идејата за американската исклучителност а Американците тоа го лапнаа како баба пензија. Фамата за сопствената исклучителност е општо место и еден од тотемите на нивниот национализам, но на следните избори, за прпват ќе дебатираат и за тоа.

Дури има овци, ќе има и мафија

Благодарејќи на "кодот на овцата" клучниот бос на италијанската мафија успешно се крие од правдата повеќе од две децении.

Олигаргхијата владее со изборите

Поранешниот американски претседател Џими Картер изнесе тешки обвинувања за постоечкиот изборен модел во САД нарекувајќи ја земјата олигархија која има неограничени можности за политичко подмитување.

Пекинг, првиот домаќин на ЗОИ во кој речиси нема снег

За време на Летната Олимпијада 2008-ма, главна грижа беше загадениот воздух на Пекинг. Сега по добивањето на организацијата за Зимската Олимпијада главна грижа е загадениот воздух и тоа што во Пекинг и околината не паѓа снег.

Рио 2016-та, Олимпијада во канализација

Следната година учесниците на Летна Олимпијада во Рио ќе пливаат и веслаат во води кои се толку загадени со човечки измет што постои ризик да станат сериозно болни и да не се способни да се натпреваруваат на игрите, е заклучокот на истрагата на Асошиејтед прес.

Цехот за мигрантите

Компанијата што управува со тунелот под Ла Манш побара некој да и ја покрие сметката од 9,7 милиони евра што ги потрошила за спречување на мигрантите.

Водич за Блискиот Исток за збунети

Не ви е баш јасно што се случува на Блискиот Исток? Не се секирајте, истражувачки тим на тн. „Институт за интернет дијаграми" создаде интерактивна слика која ги сумира геополитичките сојузништва во древниот регион од мезозоик до денес.

Човекот кој бесплатно лета низ цел свет

Бен Шлапинг (25) е една од најголемите ѕвезди помеѓу елитна група опсесивни авио-патници со бизарна мисија - да се надмудрат авионските компании. Тие имаат само една цел: да летаат бесплатно, колку што е можно полуксузно, колку што можат повеќе, без да бидат фатени. 

Шарли Ебдо: Мухамед веќе не нè интересира

Главниот уредник на францускиот сатиричен весник, Лорен Сурисо, за германскиот Штерн изјави дека неговот списание веќе нема да црта и објавува карикатури од муслиманскиот пророк.

Како технологијата ќе помогне, па ќе одмогне околу иранскиот договор

О.Н. мониторите на нуклеарната програма на Иран на располагање имаат одлични нови модели на сензори и останата. Иранците имаат договор и пропусти во него.

Се укинуваат санкциите против Иран

Во постава Иран и 6 светски сили, беше постигнат договор со кои се креваат санкциите кои беа воведени пред 12 години. За возврат Иран ќе треба да направи одредени отстапки околу нуклеарките.

Како Ел Чапо пак избега?

Пак, затоа што во 2001-ва во времето откако мексиканскиот Врховен суд ја одобри неговата екстрадиција во САД, тој успеа да избега во затвор криејќи се во количка за валкана облека. На полицијата и требаа 13 години за да го прибере. До викендов никој немаше избегано од затворот Алтиплано.

ЛА Тајмс: Александар не бил Грк

„Александар Македонски е првата глобална славна личност: херој, супермен и, како што самиот си верувал, Бог" - вака почнува текст во ЛА Тајмс, за ликој којшто е каменот (или повеќе бронзата) на сопнување помеѓу нас и нашиот јужен сосед. Не дека тие во моментов немаат поголеми проблеми од тоа чиј е Аце, кого на времето и онака не можеле да го смислат.

Стара норвешка: Со пушки да не фрлате

Норвешките полицајци лани пукале само два пати. Во обата случаи промашиле.

ЕУ, како за кого

Чехинка прави шопинг во супермаркети во Дрезден и во Прага. Купува по 24 идентични производи и таму и таму. Чехинката е Олга Сеналова, членка на комисијата на европскиот парламент за внатрешен пазар и заштита на потрошувачи. Ја интересираат квалитет, цена, состојки...