Производите ги купува во 3-те најголеми маркети во двата града, а потоа во парови ги предава на Прашкиот Универзитет на тестирање. Статистички резултатите се дека 35% од инаку идентичните производи, се различни по состав и вкус во маркетите во Прага и во Дрезден.
Слободна Далмација пренесувајќи го излагањето на Сеналова, пишува дека меѓу овие 35% (односно 8) се и Спрајт, Активија, Пепси, ладниот чај од Нести, Јакобс кафе и Рама маргарин. Тестовите покажаа дека чешкиот Јакобс има третина повеќе кофеин отколку германскиот, дека Спрајт од источниот пазар има и вештачки засладувачи, дека Нести со лимон во Чешка има 40% помалку екстракт од чај.
Она што посебно ја има извадено од такт европратеничката е тестот на месниот појадок од производителот "Тулип," кој во Германија во најголем дел е свински, додека во Чешка е од остатоци од пилешко месо.
По основа на т.нр сетилна проекција биле тестирани 14 производи, од нив 10 биле повкусни во германска верзија. Од сите 24 само два (Рама и Киндер супрајс) имале иста цена на двата пазари, а 14 биле поскапи во Чешка. Баунти, Тофи и Киндер супрајс имале ист квалитет и декларација и во Чешка и во Германија.