АП нарача студија на нивоата на вирус и бактерии во водите од локации каде следната година треба да се одржуваат олимписки настани - заливот Гуанабара (едрење), плажата Копакабана (пливање) и езерото Родриго де Фреитас (кану и веслање).
Тестовите покажале дека "она што таму го има во основа е непреработена отпадна вода." Дел од проблемот е што ИОК и бразилските власти ги тестираат водите само за нивото на бактерии, а притоа воопшто не проверуваат присуство на вируси.
"Резултатите од тестирањето открија големи број на активни и инфективни човечки аденовируси, кои се размножуваат во утробата и во респираторните патишта на луѓето. Ова се вируси за кои се знае дека предизвикуваат респираторни и дигестивни болести, вклучувајќи експлозивна дијареја и повраќање, ама можат да доведат и од посериозни срцеви, мозочни и останати болести," стои во анализата на АП.
Слично лоши резултати имало и од тестовите на бактерии.
"Во 75% од примероците собрани од Олимпиското езеро, бројот на фекални бактерии ги надминува бразилските законски рамки за 'секундарен контакт,' како што е веслање - а во два примерока имаше над 10 пати од дозволените граници."
Токму чистењето на водите на Рио требаше да биде еден од позитивните нуспроизводи на одржувањето на ЛОИ. До сега ова не се оствари заради доцнење на проектите за прочистување.