Нема веднаш да „пукне“, меѓутоа некои паралели меѓу правото на абортус и правото на поседување робови од 1800-тите наведуваат на тоа дека САД ги чека судир.
Нешто кое цел свет го смета дека завршило пред 70 години, всушност цело ова време да ти имало само привремен статус на примирје, ама кај да е ќе биде трајно решено со ставање формален крај на војната од 1950-та.
Британскиот суд ја собори првостепената одлука и пресуди дека основачот на Викиликс смее да биде екстрадиран во САД каде ќе биде суден (и речиси сигурно осуден) за шпионажа. Одбраната на Асанж има право на жалба.
19-годишниот Џон Хагинс, е упасен откако он-лајн се заканил дека на кампусот на својот Универзитет ќе изведе ист масакр како оној од Колумбина, во кој загинаа 13 лица.
Академик со бројни трудови, професорка по право на Школата за право на Корнел, поранешна адвокатка од Њујорк, поранешна специјална советничка на американското министерство за финансии, е одбиена од позицијата контролор на американскиот банкарски систем затоа што се родила во СССР.
Припадникот на гардата на Кралицата, Чилеше Мвамба, ја бара отштетата од британското министерство за одбрана заради студот што го претрпел дури бил на вежби во Естонија, каде по негови зборови бил изложен на екстремно студени температури.
Заради несогласување со ковид мерките на властите на Калифорнија, лидерите на градот Оровил на северот на сојузната држава, одлучија да прогласат уставна република врз која калифорниските власти немаат никакви овластувања.
Третиот австриски канцелар во последниве два месеца најави промена на досегашната тврда политика околу ковид и почнување дијалог со невакцинираните, кои со недели не престанаа да протестираат по улиците на Виена, како би се залечиле поделбите меѓу народот.
Ако порано во 'Градот на ангелите' само Скид Роу беше место кое треба да се избегнува како кварт на зомбија (со огромен број бездомници од кои голем дел се наркомани и ментиши), последниве години цел град заличува на Скид Роу. Прогресивните лидери на органите на редот допрва ќе го забрзаат егзодусот од градот.
Прво кандидатот за претседател на Франција дур се пробиваше кон бината беше зграбен за врат од човек од топлата, за потоа сред говор, во задните редови да избие масовна тепачка.
Само според официјалната книга на посетители, педофилот Џефри Епстин 17 пати бил во Белата куќа само за време на првиот мандат на Бил Клинтон, од кои во најмалку три случаи по два пати во ист ден.
Крис Куомо еден од водечките ликови на Си-ен-ен ги користел своите извори во медиумскиот свет за да открива информации околу жените што го обвинија неговиот брат и тогашен гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, за сексуално малтретирање.
Откако излезе извештај дека Бајден ја разгледува можноста на дипломатски бојкот на Олимпијадата, кинеските медиуми излегоа со информација дека земјата не планира да кани американски политичари на Зимската Олимпијада.
Таа синтагма обично се користи пежоративно, но ја употребуваме за Индиецот Виџеј Прашад без ронка иронија. Затоа што во име на сиромашните, на последниот климатски самит дечкото отворено ги соочи „загрижените за иднината“ со некои незгодни факти и прашања од сегашноста.
Русија веќе има 92.000 војници на границата со Украина и се подготвува за напад до крајот на јануари, тврди првиот човек на украинското воено разузнавање генерал Кирило Буданов.
Доколку рускиот претседател се кандидира и победи на претседателските избори во Русија во 2024, тогаш Америка да не го признае за претседател на Русија, стои во предлогот на американските конгресмени.
Ослободителната пресуда за младиот Кајл Ритенхаус ги зацврсти идеолошките ровоови ископани околу овој случај, во кој за едните тој е патриотски херој а за другите морален монструм и доказ за постоење системска бела супремација. „Одлуката е шокантна само ако сте пропуштиле цела година лошо новинарско известување околу овој случај“, вели Мат Таиби.
Решението е Германија да преземе дел од бегалците преку директен хуманитарен коридор, другиот, поголем, дел Белорусија со авиони да го врати во Ирак, а во Полска ниту да остане, ниту да влезе мигрант.
Американската Управа за храна и лекови побарала од федерален судија да им дозволи дури до 2076 година да ги објават целосните детални податоци и информации што ги имаат добиено од Фајзер околу ковид-19 вакцината, а врз кои на компанијата и е издадена дозволата за пуштање на вакцината во употреба.
Меѓународниот олимписки комитет повеќе нема да бара од трансродовите жени да го намалат своето ниво на тестостерон за да се натпреваруваат на Олимпијадата во женска категорија, стои во новите препораки објавени од организацијата.
Кога луѓето се трудат да бидат обединети околу „политичката коректност“ тоа може да биде многу опасно, порачува еден од најпознатите кинески дисиденти, Аи Веивеи.