Наводно илјадници Старлинк терминали, кои се користат за размена на разузнавачки податоци и комуникација во области без безбедна мрежа, деновиве се исфрлени од употреба. Истата оваа мрежа е користена за интернет пристап и од цивили во областите без интернет покривање.
Дел од проблемите предизвикале „катастрофално“ губење комуникација во изминатите седмици, а најголем дел од пречките се пријавени од војници што ја пробиле руската одбрана и влегле во територија под руска контрола. Проблемите се пријавени по цела должина на фронтот.
Сомнежот на Украинците е дека пречките се предизвикани директно од Спејс-икс, компанијата на Илон Маск зад Старлинк мрежата, за да се спречи Русите да ја искористат нивната технологија.
Од неофицијални руски извори, прекините во комуникација се заради употребата на Тирада-2 системот за попречување на сателитската комуникација.