Американската елита од северот сака мигранти, дур се во Тексас

Гувернерот на Флорида, можен кандидат за претседател на идните избори, испрати авион со илегални имигранти од Венецуела, на Мартас Винјард, едно од најелитините летувалишта во Америка. Прогресивните снегулки веднаш прогласија, ни помалку ни повеќе, туку „хуманитарна криза“.

Пар републикански гувернери, Рон ДеСантис од Флорида и Грег Абот од Тексас, предизвикаа урнебесна паника кога десетици илегални мигранти, дојдени преку јужната граница додека федералните власти стандардно вртат глава на друга страна, беа испратени во ексклузивното Мартас Винјард.

Се работи за остров близу Бостон на кој повеќемилионски имот поседуваат Барак и Мишел Обама а на кој живеат околу 15.000 луѓе, глаавно богати либерали кои во живот немаат видено мигрант.

Абот пак наполни неколку автобуси со мигранти и ги одвози до имотот на потпретседателката на САД, Камала Харис. 

ДеСантис и Абот со години се справуваат со разноразни проблеми поврзани со бескрајните реки и поточиња мигранти кои успеваат да дојдат во САД, заради географски причини, токму во нивните и другите погранични федерални држави.

Сето тоа време се на удар на богатиот естаблишмент од северот кои ги критикуваат дека спроведуваат нехуман однос кон бегалците.

Пораката на ваквиот нивен потег е слична на онаа на покоен Борис Трајковски кога на странците загрижени за косовските бегалци им кажа да донесат авиони и да ги земат малку кај нив.

Транспортираните мигранти од Мартас Винјард не завршија во сигурен град како Бостон, туку во воена база на копното.

„Ќе има уште авиони, ќе има уште автобуси“, порача ДеСантис на одушевените фанови и кажа дека државата одвоила посебен фонд за мигрантите кои се кај нив, да завршат на некои посреќни американски места надвор од Флорида.

И либералните медиуми се најдоа во паника па направија неколку грешки го чекори. Твитер прописно ги спржи NBC поради еден твит кој подоцна го избришаа а во кој мигрантите се споредуваа со ѓубре. 

„Тоа е како јас да го соберам ѓубрето од дома, да се возам наоколу и да го оставам кајштио ќе ми текне,“ го цитираа во своја статија NBC еден претставник на невладина организацијаа за помош на мигранти.

20 септември 2022 - 08:45