
„Дозволите за оружје на граѓани на Руската федерација и Белорусија ќе бидат отповикани а нови нема да се издаваат“, порача министерот за внатрешни работи Лаури Лаанамец.
Истовремено човекот се закани дека одземање на дозволите во иднина може да им се случи и на други луѓе кои не се пријателски расположени, без да открие многу детали како ќе се одредува степенот на пријателство.
Но, јасно е, лесно ќе биде тоа:
„Сигурно ќе има луѓе кои имаат естонско државјанство а ќе изразуваат анти-естонски или анти-украински ставови и идеи кои не се компатибилни со безбедносната ситуација денес. Таквите случаи ќе треба да се решаваат,“ порача Лаанамец.
Претходно естонската асоцијација на сопственици на оружје предложи дозволи да им се даваат само на луѓе кои имаат естонско или државјанство на членка на НАТО или ЕУ.
Во Естонија живеат околу 1.300 Руси кои поседуваат легална дозвола за оружје.