Џорџа Мелони уште беше во изборна кампања кога и ја залепија етикетата „фашист“, за после првите резултати од ЕУ да и стигне титулата прва пост-фашистичка влада на Италија по падот на Мусолини.
Наспроти вака поставениот анти-Мелони фронт, застана еден од нејзините противници и поранешен италијански премиер Матео Рензи, кој на Си-ен-ен порача дека луѓе се расфрлаат со терминот фашизам.
„Лично зборувано јас бев против Џорџа Мелони. Јас не сум и најдобар пријател. Ние израснавме заедно во италијанската политика ама ние сме и ќе бидеме ривали. Секогаш.
Во исто време мислам дека таа не е опасност за италијанската демократија.
Таа ми е ривал, јас сум и ривал, ние ќе продолжиме да се бориме меѓу себе, но идејата дека сега има ризик од фашизам во Италија е апсолутно лажна вест.
Таа ги доби изборите, посебно заради популизам, кој многу пати победува во Италија,“ порача Рензи.