Базиран на истоимена книга на Шрабани Басу, филмот зборува за вистинското пријателство помеѓу британската кралица и нејзиниот индиско-муслимански слуга Абдул Карим, чие постоење наследниците на Викторија се обиделе целосно да го избришат од историјата на монархијата.
Што ако со години се мачите со симптоми кои ви оневозможуваат да извршувате и најобични секојдневни работи, а никој не знае што ви е? Оваа серија, инспирирана од колумна во Њујорк Тајмс, се обидува да дијагностицира ретки пореметувања врз основа на мислење не само на доктори, туку и на „обични“ луѓе.
Мотото на вознемирувачкиот документарец за Мајкл Џексон, Leaving Neverland, беше: „Тежок да се гледа, потежок да се игнорира, невозможно да се заборави“. Во него главно стануваше збор за сексуална злоупотреба на две некогашни деца. Е овој е за повеќе од 200, злоупотребени од ист човек.
Нов филм на Нетфликс во кој Еди Марфи го портретира Руди Реј Мур, американски комичар, пејач, актер и продуцент од шеесетите на минатиот век, нарекуван „кум на рапот“.
На 24.10 (четврток) од 20.30 часот во кино Милениум започнува неколкудневен фестивал, на кој ќе бидат прикажани шест грчки филмови. Помеѓу нив е и дебитантскиот на едно ново име во грчката кинематографија, Никос Лабот.
Еден од универзалните мотиви во бајките од целиот свет е претворањето на човек во друго суштество, за тој да постигне некаква цел, некого да измами, да се спаси. Колку што е помоќен непријателот, толку измамата треба да биде поуверлива. А оваа е токму таква.
На 4.10 (петок) почнува четвртото издание на фестивалот Киненова, со богата програма, која вклучува и еден интересен филм од таканаречениот „грчки откачен бран“ (Greek weird wave), кој ја замаглува стереотипната граница меѓу комедија и трагедија.
Се вели дека за да се вовлечете во гледањето на некој филм или серија треба да се поврзете со главниот лик, да дозволите тој да ви влезе под кожа. Во случајов тој е толку гаден, што не сакате да ве опседне. Па сепак, не можете да престанете да го гледате. Не за друго, туку за да го дочекате моментот кога ќе го стигне некаква казна.
Вечерва (петок, 6.9), на програмата на фестивалот Скопје синема сити, Кинотека, 19 часот, документарец за еден од најмеланхоличните трубадури во историјата на музиката, прерано починатиот „Ники“ Дрејк.
Во најморничавата сцена од овој филм двајца „танатопрактичари“ (оние кои ги подготвуваат мртвите за кремирање или закоп) распоруваат мртовец и сфаќаат дека во него нема органи. „Што му се случило?“, прашува мрзоволно нивен колега. „Денес се чувствува некако празно“, со шеретска насмевка му одговара едниот.
Филм за екстремен талент комбиниран со ранлива психичка структура, на личност која се обидува да преживее правејќи го она што најдобро го умее - свирејќи пијано, па макар и само со фокусирано тропање со прстите на маса, додека ги минува деновите во психијатриска болница.
Замислете мешавина од Big Bang Theory и Breaking Bad, aма со Италијанци. Комедија, иако препознавајќи некои од ситуациите и ликовите човек не знае дали да се смее, или да плаче.
Иако крајно го упростува наративниот стил на Хелер, серијата успева да ги пренесе главните пораки: дека војната е срање. И дека ненормалното, во сулуди околности, станува нормално.
Клучот за разбирање на овој крајно необичен филм е токму во насловот. Тој ги замаглува жанровските граници, се одвива на вистинска државна граница, но испитува и други видови „сиви зони“ - оние помеѓу луѓето и животните, помеѓу доброто и злото.
Во ноември 2016 излезе Нетфликс серијата Master of None. На Ансари таа му донесе Златен глобус за најдобар актер во ТВ комедија, со што тој стана првиот Американец со азијско потекло кој ја добива оваа награда. И сите го сакаа.
19 април 1989. Петмина црни тинејџери од Харлем го прават она што главно го прават секој ден - учат, јадат бургери, се шмекаат со симпатиите, се дружат. Никогаш претходно немале работа со полиција, ниту пак западнале во некакви неволји. Немаат никакво животно искуство вон рамките на нивниот мал и навидум нормален свет. А светот и голем, и суров кон малите и ранливите.
Краткиот одговор на прашањето од насловот е дека измислени работи во филмот има многу. Ама тоа не е причина да не слушате два и кусур саати одлична музика.
Многу нешта во овој филм не се како што треба од кинематографска гледна точна. Но добрата вест е што преку него многумина ќе слушнат за една од првите жени-диригенти од почетокот на минатиот век.
Во 2016 пишувавме за книгата со истоимен наслов, која ја раскажува приказната за правењето на Оксфордскиот речник на англиски јазик. Тогаш најавивме дека ќе се снима филм со Шон Пен и Мел Гибсон во главните улоги. Повеќе од дваесет години по откупувањето на правата, филмот конечно пристигна.
Филм чиишто големи амбиции го прават помал отколку што можел да биде. Затоа што основната идеја му е одлична, а таа уште еднаш потврдува: дека не е сè во величината.