Има занаетски квалитетно направени документарци, кои третираат интересна приказна или значаен проблем, но кои не го преминуваат прагот на информативното. Она што ја прави разликата меѓу еден таков, и еден исклучителен филм, е важната одлука која треба да ја донесат нивните автори: дали ќе го соберат сиот мед за себе, или ќе остават половина за луѓето чија приказна ја раскажуваат.