Гледанка

„Сосема ново Свето писмо“ (Le tout nouveau testament, 2015)

Kуп претходни филмови кокетирале со верска сатира, Го замислувале и Го карикирале, и низ смеа поставувале заебани животни прашања. Ама заборавете го Брус Олмајти, за него семожниот Бог од овој филм е - Господ!

„Нељубов“ (Nelyubov, 2017)

Уште еден одличен филм на Звјагинцев по „Враќање“ и „Левијатан“, после кој не можете веднаш да одлучите како се чувствувате, и дали и што сте научиле од неговата морничава приказна. Отприлика исто како и сите ликови во него, кои никако да излезат од лимбото на нељубов, и одлучно да пресечат - или вистински и пожртвувано да сакаат, или барем активно да му се спротивстават на она што го мразат.

„Средиштето нема да издржи“ (The Center Will Not Hold, 2017)

Документарен филм за Џоан Дидион, денес 82 годишна, сè уште луцидна старица, некогаш тигрица во светот на „новото новинарство“, која своите животни премрежја ги претвори во инспиративна приказна.  

„Уште еднаш со чувство“ (One More Time With a Feeling, 2016)

Има еден момент во овој тежок но убав документарец, снимен откако Кејв го загуби синот Артур, во кој тој зборува за „еластичноста“ на времето по доживеана траума. Како да си врзан со гумена лента за трауматичното искуство, ја влечеш како што Сизиф го туркал каменот, но колку и да успеваш да се оддалечиш од него, во еден миг снеможуваш и лентата те катапултира назад. И потоа, од почеток. Филмот, и албумот на чиешто снимање е посветен, е такво ризично играње со катапултот на емоциите, при што секој си ја влече својата лента.

„Човекот-делфин“ (2017)

Нов документарец за човекот кого го памтиме од „Големото синило“ на Бесон - нуркачот Жак Мајол, кој наскоро ќе биде прикажан во рамки на Македокс и во Македонија. 

„Проектот Ним“ (2011)

Документарец кој го следи животот и делото на шимпанзо по име Ним Чимпски, кој заради научен проект е растен како човечко дете. На крајот од мачната приказна излегува дека таа е повеќе за луѓето околу него, кои се вистинските „мајмуни“.

„Големи мали лаги“ (Big Little Lies, мини-серија, 2017)

Тоа дека серијава е за група богати американски мајки и нивните проблеми сигурно не е баш некоја реклама за неа. Но под површината на совршениот свет на Монтереј, Калифорнија, лежат куп трауми, тензии и лаги чие разоткривање е и болно и катарзично. Особено со таков актерски кастинг и со таква музика.

Букбокс гледаше на Македокс: „Avec l'amour" (2017)

Не се сеќавам кога последен пат сум присуствувала на искрени стоечки овации по завршување на проекција, а камоли да се работи за документарец. Ама и тоа се случи, на домашната премиера на овој во основа неамбициозен, но крајно „фил гуд“ македонски филм, правен со многу љубов. И ова не е лажна вест.

Букбокс гледаше: „Арогантна чавка“ (Upstart Crow, 2016)

Од перото на Бен Елтон, авторот на антологиската „Црна гуја“, пресмешна мини-серија за Шекспир, која е одлична алатка за привлекување средношколци и студенти по англиски кон неговиот лик и дела. Затоа што иако е хумористична, таа е сепак историски и книжевно издржана.

Три бугарски филмови: „Стапки во песокoт“, „Love.net" и „Лекција“

Договорот за меѓусоседски односи бил реформаторски. Договорот бил предавнички. Имплицитно се подразбирал еден народ. Не, „народи“ биле во множина, значи се два народа.

Букбокс гледаше: Halt and Catch Fire (серија, 2014-)

Стандардното резиме на серијава како „инсајдерски поглед во револуцијата на персоналните компјутери“ може многумина да наведе на погрешен пат, дека за да ја гледаш треба да знаеш нешто за кодирање и програмирање. И не дека тоа не е плус, но главни во неа се сепак крајно привлечните ликови и нивните заебани меѓусебни односи.

„Тампопо“ (Глуварче, 1985)

Што се случува кога ќе се спојат јапонска комедија, филозофија и еротика со храна? Откачен филм после кој сигурно ќе почнете да пребарувате рецепти за „рамен“.

„Никој од никаде“ (Un illustre inconnu, 2014)

Матју Касовиц го памтиме од „Амели Пулен“, од „Амин“ на Коста Гаврас или „Минхен“ на Стивен Спилберг. Го знаеме и како сценарист и режисер на суровиот „Омраза“ со Винсент Касел. Ама во овој филм тој има тешка задача - да игра некој кој е никој и ништо.

„Откритието“ (Тhe Discovery, 2017)

Некако се навикнавме на големи, скапи научно-фантастични филмови во кои се комбинираат технолошки со лингвистички, антрополошки и филозофски прашања (Interstellar, Gravity, Arrival). Ова е сличен, но многу понеамбициозен обид, за одговор на прашањето - има ли живот по смртта?

„Хорас и Пит“ (2016)

Серијата во десет продолженија за семејство кое држи бар со стогодишна традиција во Њујорк најпрвин изненадува затоа што е со Луи Ц.К. а не е комедија. Ако го надминете ова првично изневерено очекување, може да се фатите како уште некоја минута по завршувањето на секоја епизода зјапате во затемнетиот монитор, размислувајќи за смислата на животот. А признајте, од кога не ви било така?

„Под песокот“ (Under sandet/Land of Mine, 2016)

Oвој филм не го доби Оскарот во категоријата „најдобар странски“. Штета, затоа што играта со зборови од неговиот наслов можеше добро да легне. Плус, филмот е одличен, иако на моменти тежок за гледање.

„Јас, Даниел Блејк“ (2016)

Овогодишниот добитник на Златната палма во Кан е длабоко социјален, но и длабоко хуман филм, какви што се голем број добитници или номинирани за престижните филмски награди оваа година. Тие и покрај мрачнатата слика на сегашноста која ја портретираат, нудат и некаква утеха, дека во тој мрак има и трошка светлина - личното достоинство и меѓучовечката солидарност.

„Човекот по име Уве“ (2016)

Номиниран за овогодишниот Оскар за најдобар странски филм, ова е истовремено крајно смешна и крајно тажна приказна, кој ќе ви ја стопли душата.

„Мрежа“ (1976)

Годината што ја оставивме зад нас консензуално е прогласена за таква која не сакаме да се повтори. За ретроактивно да се рационализира сето она што му се случи на светот, и што ќе продолжи да му се случува, меѓу другото се посегнува по филмови кои визионерски го претскажале она што денес го живееме, а чии пораки не сме ги сфатиле доволно сериозно. Еден од нив е токму овој.

„Слепило“ (2008)

Направен според романот на добитникот на Нобеловата за книжевност, Португалецот Хозе Сарамаго, овој филм е дистописка алегорија за човечката состојба. Онаа во којашто се наоѓаме во моментов.

„Капетан Фантастик“ (2016)

Насловот асоцира на лик од стрипови на Марвел. Но Виго Мортенсен во овој филм игра еден поинаков супер-херој, кој се обидува своите деца да ги заштити од злата на истата таа цивилизација која хипнотизирајќи нè со Спајдермен и Бетмен заборава да нè научи како да уловиме зајак, ако се најдеме некаде каде нема ист таков - „супер“ - маркет.

„Устав на Република Хрватска“ (2016)

На прв поглед само мала приказна за исти такви луѓе, кои се обидуваат да живеат едни покрај други, а само кога баш мораат и едни со други. Но кога со одјавната шпица низ салата ќе се распрскаат звуците на „Зборот кој нè навреди“ и гласот на Јосипа, сфаќате дека сте присуствувале на филм со храбра и универзална порака за љубов и почитување, толку мека, а толку проклето потребна.

„Милји понапред“ (2016)

„Ова не е филм за Мајлс Дејвис“, би требало да гласи првата реченица од освртов. Затоа што мешавината на факти и фикција во него главно тежи на страната на измисленото, замисленото, сеченото и лепеното од животот на славниот трубач.

„Слободната држава Џоунс“ (2016)

Базиран врз вистинска приказна од американската Граѓанска војна, филмот раскажува за гневен земјоделец и дезертер од југот, кој станува водач на пара-војска составена од сиромашни белци и одбегнати робови. Со нив формира слободна територија на која важи едно основно правило - „човекот е човек“.