Гледанка

„Слава“ (2016)

Додека го пишувам ова сè уште е во тек првото издание на фестивалот КинеНова, чија цел е да претстави дебитантски и втори остварувања на млади автори, но и да промовира филмови од за нас помалку познати кинематографии.

„Совршени странци“ (2016)

Не дека и порано луѓето немале тајни, но мобилните и интернетот ја искомплицираа работата. Добронамерен совет: не го гледајте филмов со партнерот/ката ако имате што да скриете. А имате.

„Зутопија“ (2016)

Ги знаете оние филмови за деца, кои не само сублиминално, туку и апла се всушност за возрасни? Епа ова е еден од нив.

„Елвис и Никсон“ (2016)

21 декември 1970. Елвис ненајавено се појавува на еден од влезовите на Белата куќа и бара прием кај претседателот. Историски, епизодата е автентична. Филмски, таа е многу симпатична.

„Човекот кој ја познаваше бесконечноста“ или приказната за еден математички гениј

Базиран врз истоимената книга, ова е биографски филм за еден индиски математичар, кој без формално образование успеал да даде огромен придонес во неколку математички области. Не мора да знаете математика за да го гледате, а по пат можеби нешто ќе научите.

„Бисерното копче“ (2015)

Филм кој најпрвин делува лежерно и метафизички, за полека, како самиот да е направен од водата за којашто зборува, да се прелее во нешто сосема поинакво. 

„Шеф на ноќна смена“ (The Night Manager, 2016)

Mини шпионска серија во продукција на Би-би-си, направена според роман на Џон Ле Каре, чии (само) шест епизоди ќе ве остават гладни за повеќе. 

„За љубов или за земјата: приказната за Артуро Сандовал“ (2000)

Десеткратниот добитник на Греми, кој има педесетина албуми со над 200 негови композиции и почесен докторат, во Македонија за многумина стана познат дури откако се сликаше со претседателот, ден по поплавите. Така водата ја однесе и можноста подобро да се запознаеме со човекот, кој освен што одлично дува во труба, има и интересна биографија. Бонус: снимки од концертот.

„Лавиринт на лаги" (2015)

Германски филм за франкфуртското судење од 1958 на оние кои учествувале во злосторствата во Аушвиц - прво од ваков вид спроведено од германски суд, не според меѓународното право туку според тогаш важечки домашни закони. И покрај моќта на темата, филмот сепак е прилично млак.

„Глава полна мед" (Honig im Kopf, 2015)

Германски филм што треба да го погледне секое дете, за да разбере што значи кога неговите баба или дедо веќе не можат да се сетат кои се самите, и кои се оние околу нив. И секој син или ќерка, кои кога нивните родители ќе станат сенилни ја сфаќаат вредноста на спомените.

„Вкус на цреша" (1997)

На 4.07, на 76 годишна возраст почина Абас Кјаростами, славниот ирански режисер, фотограф и поет, автор на над четириесет филмови. Најпознатиот од нив е токму овој, награден со Златна палма во Кан.

„Крајот на светот" (2013)

Признаваме, по исходот од референдумот во Британија баравме филм кој би можеле да го поврземе со актуелната ситуација, како некое пророштво или социолошки коментар на британскиот менталитет. Не сме сигурни дека ова е тој филм, ама па е многу, многу забавен.

„Името" (2012)

Француски филм, кој почнува како комедија а завршува како драма, чиј наслов посоодветен за наш контекст би бил „Проблемот со името". Затоа што, токму за тоа и се работи.

„Луѓе и кокошки" (2016)

Кога пишувавме (тука) за „Адамовите јаболка" на Андерс Томас Јенсен се воодушевивме од неговото толкување на библиската приказна за Јов, низ апсурден монтипајтоновски хумор, но и со филозофска задлабоченост. Новиот филм е чекор напред во откаченоста и задлабоченоста, иако не и во гледливоста.

„Висококатница" (2015) или за бруталноста на брутализмот

Базиран врз научно-фантастичниот роман на Џ. Г. Балард од 1975, овој филм е критика на модерноста, како изневерено ветување за прогрес и похуман свет. Главен лик и симбол на класно поставеното општество, во кое елитата ги зазема високите катови, а сиромаштијата живее поблиску до дното, е една висококатница, дизајнирана во бруталистички стил.

„Добредојдовте во Ш'ти" (2008)

Филм којшто си игра со локалните стереотипи за различните делови на Франција, но и со генералната идеја на „провинција" и „примитивност". Одлична критика на локал-шовинизмот и на нашиот однос кон „другите“, дури и кога тие живеат само на десетина километри од нас. 

„Сеќавај се" (Remember, 2015)

На што ли ќе се сеќаваме, a што ќе заборавиме како колектив, од она што денес ни се случува, по седумдесет години?

„Овни" (Rams, 2016)

Што знаете за Исланд, освен за гејзери и за Бјорк? После овој филм ќе знаете нешто повеќе, и за неговите широки и убави пејсажи, но и за луѓето што нив ги населуваат.

„99 куќи“ (2015)

Го гледавте „Обложување на столетието" (осврт тука) и бевте малку ко потресени? Ајде сега како изгледа тоа исто капиталистичко срање на базично ниво, кога сведочите, макар и со посредство на филмска камера, одземање на нечии домови.

„Обложување на столетието" (2015)

Кога во 2008 година на милиони погодени од финансиската криза им се стемни, на неколкумина кои тоа го предвидоа им осамна. Филмов е за оние вторите, базиран на бестселерот на Мајкл Луис од 2010, „Големиот облог: во пеколната машина".

Соба (2015)

Ко за почеток два совета:

1. Ако сте родител (посебно мајка) обавезно гледајте го филмов.

2. Ако сте родител (посебно мајка) никако не го гледајте филмов*

* или барем спремете марамчиња 

„Јастог" (2015)

Веројатно има и почудни начини да ти почне новата година отколку на 1 јануари, веднаш по Виенскиот концерт, со титкањето на СМС пораки кои посакуваат „многу љубов и здравје", да си пуштиш филм од Јоргос Лантимос. Ама тешко дека некои од другите опции би биле толку иронични.

„Викторија" (2015)

Сниман на 22 локации, во тек на неколку часа, и во еден „тејк", ова сепак не е само логистичко чудо од филм, ниту само кинематографска егзибиција.

„Шнајдер наспроти Бакс" (2015)

Откачен филм на холандскиот режисер Алекс ван Вармердам, кој е нешто помеѓу комедија, трилер и, на моменти, хорор. Истовремено, тој е и остра критика на нашата неспособност да препознаеме насилство, дури и кога ни се одвива пред очи.